Собранието на Македонија ги усвои уставните измени: Името на државата е Република Северна Македонија

Собранието на Македонија вечерва со 81 глас за и ниту еден „против" и „воздржан" ги усвои уставните измени со што државата Република Македонија го менува и своето името во Република Северна Македонија

Makedonya Meclisi İsim Değişikliğini Onayladı 1.jpg
Makedonya Meclisi İsim Değişikliğini Onayladı 2.jpg

Собранието на Република Македонија вечерва го изгласа Законот за уставните измени со што е донесена одлука за прогласување на сите амандмани кои што произлегуваат од потпишаниот Договорот од Преспа.

Со усвојувањето на Законот за уставните измени името на државата Република Македонија е сменето во Република Северна Македонија.

Со 81 глас „за" и ниту еден „против" и „воздржан" Собранието на Република Македонија ги усвои уставните измени, со кои ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор).

Уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор поминаа и во финална фаза вечерва во Собранието на Република Македонија, откако претходно седницата три дена беше закажувана.

На седницата не присуствуваа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пранитеците на Собранието, во рамките на 75. седница ги донесоа амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија.

По прогласувањето на уставните амандмани, со 81 глас „за“ беше усвоен и Уставниот закон за спроведување на амандманите.

Со амандманот 33 во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36. Амандманот 34 се однесува на промените во Преамбулата од Уставот. Според амандманот, зборовите „кои живеат во нејзините граници“ се заменува со „како и граѓаните кои живеат во нејзините граници, граѓаните на РМ, македонскиот народ, и дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“. Амандманот 35 е за гарантирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, а амандманот 36 се однесува на грижата за дијаспората.

Со прогласувањето на амандманите Македонија ги исполни обврските од Преспанскиот Договор кој во периодот кој следи ќе треба да биде ратификуван и во грчкиот парламент за да стапи на сила Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации и ќе престане важноста на Привремената спогодба од 1995 година.

Додека траеше собраниската седница, како и во изминатите денови, пред Собранието на Република Македонија, протестираше група граѓани од иницијативата „Македонија блокира" кои се противат на уставните измени и на промена на името на државата.

- Имплементација на Преспанскиот договор

Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор), во јуни минатата година, во Преспа, го потпишаа владите на Македонија и Грција. Според договорот Македонија ќе го смени своето име во Република Северна Македонија.

Во врска со Преспанскиот договор минатата година на 30 септември се одржа консултативен референдум. Прашањето на референдумот беше „Дали сте за НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција?“.

На референдумот излегоа 36,91 отсто од вкупниот број гласачи, со што не беше постигнат потребниот ценсус за излезност од 50 отсто од вкупниот број регистирани гласачи. Од гласачите кои излегоа на референдум, 91,46 отсто гласаа „за“, соопшти Државната изборна комисија.

По спроведување на рефенрендумот, имплементацијата на Договорот за решавање на спорот за името продолжи во Собрание каде во октомври месец минатата година со двотретинско мнозинство започна постапката за пристапување кон уставни измени кои се дел од договорот.

Последната фаза од имплементацијата на Преспанскиот договор започна на 9 јануари оваа година со собраниска седница која потоа беше презакажувана, а се одржа вечерва.

Потсетуваме, во однос на потишувањето на Преспанскиот договор од страна на претседателот на државата, Ѓроѓе Иванов, кој не го потпиша Законот за јазиците и Договорот од Преспа кои претходно беа изгласани во Собранието, претседателот на Собранието Талат Џафери неодамна изјави дека „двата закона ќе одат заедно во Службениот весник“.

Откако договорот е ратификуван во Собранието на Македонија, потребно е да биде ратификуван и во Собранието на Грција.

 

                                                                                                                                (Anadolu Agency-AA)



Слични вести