Поддршка од Грција за члентсвото на Турција во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел на средбата потенцираше на значењето на договорот за реадмисија на бегалците меѓу Турција и ЕУ

Поддршка од Грција за члентсвото на Турција во ЕУ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека треба да се подржи процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ.

Алексис Ципрас на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел која престојува во официјална посета на Грција рече дека треба да се подржи процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ.

Членството на Турција во ЕУ ќе биде во корист како на турскиот народ, така и од аспект на постигнувањето на стабилноста во регионот, рече Ципрас.

На средбата со Меркел разменивме мислења во врска со турско-гршките односи и Кипарското прашање, рече Ципрас потенцирајќи на потребата од поддршка на напорите за изнаоѓање праведно и трајно решение на прашањето.

Германската канцеларка Ангела Меркел на средбата потенцираше на значењето на договорот за реадмисија на бегалците меѓу Турција и ЕУ.

Меркел во оваа прилика посочи на напорите за решавање на успешното спроведување на договорот за екстрадиција на бегалците кој предизвика правни проблеми во рамките на ЕУ.

Германската канцеларка Меркел додаде дека договорот за екстрадиција за жал не се спроведува врз бегалците кои заминуваат во Европа од земјите во кои нема војна како што се Авганистан и Пакистан.



Слични вести