Хрватска го раскина дооворот за откуп 12 авиони Ф-16 од Израел

САД не даде одобрение за трансфер на наведените авиони во трети земји

Хрватска го раскина дооворот за откуп 12 авиони Ф-16 од Израел

Хрватската влада го раскина договорот за откуп 12 половни авиони од типот Ф-16 од Израел.

САД не даде одобрение за трансфер на наведените авиони во трети земји, а чија технологија им припаѓа нив. Проблемот кој искрсна по неодобрувањето од страна на САД, предизвика хрватската влада да усвои одлука за раскинување на договорот за откупот.

Делегација на Министерството за одбрана на Израел отпатува во посета на Загреб каде што одржаа средба со претставниците на Министерството за обрана на Хрватска.

Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ на прес конференцијата што ја одржа по средбата рече дека го раскинаа договорот за откуп на авионите Ф-16 и дека земјата нема да претрпе никаква материјална штета.



Слични вести