Еди Рама: Турција е незаменлив стратешки партнер на Албанија без кој се не може

Еди Рама истакна дека Турција е незаменлив стратешки партнер на неговата земја без кој се не може и рече: „Нашето пријателство со Турција не може да биде подложено на влијанието на ниту еден ветар кој што вее меѓу нашите други пријатели и Турција

Еди Рама: Турција е незаменлив стратешки партнер на Албанија без кој се не може

Албанскиот премиер Еди Рама се состана на одржаниот прием во Тирана на кој се состана со амбасадорите на странските земји во Албанија, меѓу кои беше и амбасадорот на Турција во Тирана Мурат Ахмет Јорук.

Во говорот што го одржа во оваа пригода Рама се осврна на низа различни прашања меѓу кои беа и односите на неговата земја со Турција.

Велејќи дека Турција е незаменлив стратешки партнер на неговата земја без кој се не може, Рама рече: „Турција е наш пријател. Нашето пријателство со Турција никако не може да биде подложено на влијанието на ниту еден ветар кој што вее меѓу нашите други пријатели и пријателска Турција.“

Еди Рама напомена дека треба да се продлабочи соработката со Грција, Италија и Турција, и продолжи со следните зборови: „Италија, е неоспорната врата за нашиот влез и нашето патување кон нашата европска иднина. Независно од тоа како повремено ќе би можеле да веат ветровите во односите меѓу нашите други пријатели и Турција, таа е наш незаменлив стратешки партнер без кој што се не може. Турција е наш пријател и нашето пријателство со Турција нема да биде подложено на влијанието на никту еден ветар кој што вее меѓу нашите други пријатели и пријателска Турција.“

Подвлекувајќи дека Албанија го поддржува дијалогот помеѓу Косово и Србија и го поттикнува конечниот договор, Рама го сподели мислењето дека тој конечен договор треба да биде прифатен од страна на САД и Европската унија (ЕУ) и дека овие земји треба да бидат гарантори.

Еди Рама напомена дека почнувајќи од пролет пограничните премини со Косово ќе бидат под заедничка гранична управа и додаде дека тоа посакуваат да го направат и со Македонија и Црна Гора.

Албанскиот премиер Еди Рама потсети дека Албанија, Црна Гора и Хрватска како земји членки на НАТО располагаат со прилично поттикувачка тројна соработка меѓу себе и подвлече дека посакуваат истата соработка да се одвива на уште понапредно ниво и меѓу Албанија, Хрватска, Косово и Албанија, Македонија и Косово.

 



Слични вести