Честитки од НАТО, ЕУ и Велика Британија до Македонија за усвоените уставни измени

НАТО, ЕУ и Велика Британија испратија честитки до Македонија за усвојувањето на уставните измени во Собранието со кои името на државата е сменето во Република Северна Македонија

makedonya.jpg
Jens Stoltenberg.JPG
mogherini hahn.jpg
Jeremy Hunt.jpg
Makedonya Yunanistan anlaşmayı imzaladı 2.jpg

По усвојувањето на Законот за уставните измени вечерва во Собранието на Македонија со гласовите на 81 пратеник кои глас „за" и ниту еден „против" и „воздржан" глас почнаа да пристигнуваат и првите честитки до Македонија.

НАТО и Европската унија (ЕУ) го поздравија усвојувањето на уставните измени од страна на македонското Собрание со кои името на државата е сменето во Република Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пораката што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер му честита на премиерот на Македонија Зоран Заев за крајното гласање на Собранието.

„НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион“, порача Столтенберг во својата порака со честитка до Заев.

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и членот на Европската комисија (ЕК) одговорен за преговорите за проширување Јоханес Хан исто така го изразија задоволството од усвојувањето на уставните измени

Могерини и Хан во име на Европската унија му честитаа на Собранието на Македонија за „круцијалниот чекор кон имплементација на Преспанскиот Договор.“

„Политичките лидери и граѓани ја покажаа својата одлучност да ја зграпчат оваа уникатна историска прилика за решавање на еден од најстарите спорови во регионот и одлучно да се движат напред на патот кон ЕУ“, истакнаа Могерини и Хан.

Тие напоменаа дека ЕУ силно го поддржува Договорот од Преспа кој „поставува пример за помирување за регионот и за цела Европа“.

„Додека ги чекаме следните чекори кои водат до целосна имплементација на Преспанскиот Договор, ЕУ останува цврсто посветена да продолжи да ја придружува и поддржува земјата во заедничката цел на интеграцијата во ЕУ“, напишаа Хан и Могерини.

Усвојувањето на уставните измени од страна на Собранието на Македонија го поздрави и министерот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант кој ваквиот развој го оцени како историски момент за Македонија.

Пристигнуваат вести дека и грчкиот премиер Алексис Ципрас разговарал и му честитал на неговиот македонски колега Зоран Заев за усвојувањето на уставните измени во Собранието.

Според информации од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас контактирал со македонскиот премиер Зоран Заев на кого му честитал за успешното завршување на процесот на ревизија на Уставот, врз основа на Договорот од Преспа.

 



Слични вести