Македонскиот премиер Зоран Заев за Војската на Косово: Знам дека и ставот на НАТО е тој, не е време

Премиерот на Македонија Зоран Заев во врска со формирањето на Војската на Косово рече: „Jас знам дека и ставот на НАТО е тој, не е време. Не ни требаат нови тензии, уште еднаш да не заборавиме дека Балканот нема намера да биде повторно буре барут“

Македонскиот премиер Зоран Заев за Војската на Косово: Знам дека и ставот на НАТО е тој, не е време

„Jас знам дека и ставот на НАТО е тој, не е време. Не ни требаат нови тензии, уште еднаш да не заборавиме дека Балканот нема намера да биде повторно буре барут“. Ова денес го истакна премиерот на Република Македонија Зоран Заев, запрашан да го прокоментира формирањето на Војската на Косово.

Премиерот Заев присуствуваше на Националната конференција за градоначалници „Децентрализација: Патот што претстои“, а потоа одговараше на новинарски прашања.

Запрашан за неговиот став за формирање на Војската на Косово и што би значело тоа за регионот, Заев изјави:

„Jас знам дека и ставот на НАТО е тој, не е време. Не ни требаат нови тензии. Уште еднаш, да не заборавиме дека Балканот нема намера да биде повторно буре барут. Апелирам до колегите, до премиерите, претседателите на државите, да внимаваат на своите чекори затоа што наша заедничка обврска како шест земји од Западен Балкан, кои што имаме аспирации за членство во Eвропската Унија, е да ја унапредиме економската соработка, регионалниот развој да расте, да обезбедиме вечен мир, и траен мир овде, и да имаме интеграција во Европската Унија.“

Македонскиот премиер апелираше да се преиспитаат и мерките на косовската Влада во однос на воведувањето царини за производите од Србија.

„Апелирам и оние другите мерки кои што постојат во делот на царините или сл., да ги преиспитаме, да се вратиме, да ги почитуваме меѓународните организации и договори што ги имаме, поради тоа што наша обврска е да ја зголемиме соработката. Ако политичарите бидат повнимателни во своите изјави, во своите чекори, јас верувам дека овој дел на Балканот, вклучително и нашата Македонија, но и соседите, ќе се движиме во вистински правец“, нагласи Заев.

 

                                                                                                                                                  (АА)



Слични вести