Средба на Чавушоглу и Димитров на состанокот на НАТО во Брисел

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров се состанаа на маргините на состанокот на шефовите на дипломатии на земјите членки на НАТО во Брисел

Средба на Чавушоглу и Димитров на состанокот на НАТО во Брисел

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со неговиот колега министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров на маргините на состанокот на министрите на земјите членки на НАТО во Брисел.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се состанаа денес со цел да разговараат околу односите на Алијансата со земјите од Западен Балкан.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на отворањето на сесијата на вториот ден од Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во седиштето на НАТО, истакна дека безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан се многу важни за Алијансата.

Столтенберг нагласи дека со нетрпение чекаат Македонија да стане 30-та членка на НАТО по исполнување на националните процедури по постигнатиот Договор за името.

Тој нагласи дека Босна и Херцеговина дала вреден придонес во операциите на НАТО. „Го поддржуваме евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина“, додаде генералниот секретар на НАТО.

 

                                                                                                                         (АА)



Слични вести