Метју Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година

„Македонија најрано во рок од 18 месеци од сега, би можела да стане 30.членка на НАТО. Ова е потполно реален датум за оваа цел", - изјави заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американси Држави (САД) Метју Палмер

Метју Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година

Заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американси Држави (САД) Метју Палмер вчера изјави во Сараево дека Македонија би можела да стане членка на НАТО во почетокот на 2020 година, доколку го имплементира Договорот со Грција за промена на името во Северна Македонија, со што ќе биде решен долгогодишниот спор за името меѓу двете земји.

Високиот официјален американски преставник изјави дека Македонија најрано во рок од 18 месеци од сега, би можела да стане 30.членка на НАТО.

„Ова е потполно реален датум за оваа цел", изјави Палмер.

Сепак, тој изрази загриженост во врска со, како што рече, „штетното влијание" на Русија во Западен Балкан, вклучувајќи ги напорите за поткопување на одлуката на Македонија да продолжи со членството во НАТО. 

„Кремљ смета дека своите интереси во регионот напредуваат преку несогласување, недоверба и нарушување", рече Палмер, додавајќи дека Русија првенствено е фокусирана на унапредување на своите визии и цели кои не се во согласност со нивните.

 

                                                                                                                                              (АА)



Слични вести