Ципрас посакува еден крак од гасоводот Турски тек да поминува преку Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас истакна дека прашањето за поминување на еден крак од проектот на гасоводот Турски преку Грција тек ќе го постави на дневниот ред на Европската унија (ЕУ)

Ципрас посакува еден крак од гасоводот Турски тек да поминува преку Грција

Грчкиот премир Алексис Ципрас на Третиот самит во Солун на кој учествуваат и лидерите на Балканските земји информираше за транспортните и енергетските проекти на неговата земја.

Ципрас рече дека прашањето за поминување на еден крак од проектот на гасоводот Турски преку Грција тек ќе го постави на дневниот ред на Европската унија (ЕУ). 

Велејќи дека се наближува завршувањето на проектот Трансатлантски-јадрански гасовод (ТАП) кој што зазема значајно место во енергетската стратегија на Европската унија (ЕУ), Ципрас истакна дека Трансатлантски-јадрански гасовод (ТАП) се планира да се приклучи и кон гасоводот што ќе се изгради помеѓу Бугарија и Грција и кон гасоводите кои што се проектирани со Македонија.

Тој потсети дека од Комисијата на Европската унија (ЕУ) доби одобрение и гасоводот помеѓу Грција и Бугарија (ИГБ), а воедно нагласи дека оваа линија би можела да се продолжи кон Балканските земји во северниот дел на полуостровот.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на дневниот ред на Белгија ќе го постави и значењето на поминување преку Грција на гасоводот Турски тек со кој што рускиот природен гас преку Црното Море и Турција ќе се транспортира во Европа. 

Гасоводот Турски тек ќе се состои од две линии (траси)од кои секоја ќе биден со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри годишно.

Во проектот се наоѓаат маршрути со кои што се прават проценти втората линија (траса) преку Грција да се протега кон Италија или преку Бугарија кон Србија.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, на 19 ноември ќе присуствуваат на церемонијата што ќе се одржи во Истанбул по повод завршувањето на изградбата на делот од гасоводот Турски тек кој што ќе поминува под морето.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас пак на 7 декември ќе престојува во официјална посета на Москва.

 



Слични вести