Продолжува да опаѓа стапката на вработеност во Грција

Стапката на невработеност во август беше регистрирана како најниска стапка од 2011 година наваму

Продолжува да опаѓа стапката на вработеност во Грција

Стапката на вработеност во Грција продолжи да опаѓа и во август и се намали на 18,9 насто.

Според податоците на Заводот за статистика на Грција (ЕЛСТАТ), календарски прилагодената стапка на невработеност во земјата во август се намали на 18,9 насто. Во споредба со претходниот месец јули, стапката беше ревидирана нагоре и беше објавена како 19,1 насто.

Стапката на невработеност во август беше регистрирана како најниска стапка од 2011 година наваму. Бројот на невработените во земјата изнесува 896 илјади лица.

Најголема стапка на невработеност е кај младите од 15 до 24 годишна возраст и оваа стапка се намали на годишна и месечна база. Стапката на невработеност кај оваа група во јули се намали на 36,8 насто.

Грчката влада соопшти дека годинашнава стапка на невработеност планира да ја намали на 18,4 насто, додека идната година на 18,2 насто.

Стапката на невработеност во земјата изнесува околу 28 насто и од 2013 година покрај тоа што се забележува пад, гледано од аспект на стапката на невработеност на еврозоната, стапката на невработеност во Грција продолжува да важи за највисока.



Слични вести