Повторно започнаа летовуите меѓу Атина и Скопје

Грција ќе биде најблискиот сојузник на Македонија на патот за прием во ЕУ, рече Османи

Повторно започнаа летовуите меѓу Атина и Скопје

Грција и Македонија повторно ги започнаа авионските летови кои беа прекинати пред 12 години поради спорот со името меѓу двете земји.

Првиот авионски лет меѓу главните градови Атина и Скопје по период од 12 години со учество на грчкиот вршител на должност министер за надворешни работи Јоргос Катругалос и министерот за европски прашања на Македонија Бујар Османи беше остварен од страна на компанијата Олимпик еир.

Министерот Османи кој за Атина замина со автомобил, рече дека повторно започнување на авионските летови меѓу двете земји претставува симбол на стратешката соработка меѓу двете земји.

Грција ќе биде најблискиот сојузник на Македонија на патот за прием во ЕУ, рече Османи.

Во врска со Преспанскиот договор кој беше постигнат со цел да се надмине „проблемот со името“, Османи изрази надеж дека до крајот на годинава ќе ги остварат потребните уставни амандмани во Собранието на Македонија.

Катруглас рече дека со договорот беше решено и едно друго прашање кое подолг временски период се наоѓаше на дневниот ред на двете земји потенцирајќи дека оваа состојба ќе биде од придонес и за Балканските земји.

Авионските летови беа суспендирани во 2006 година од страна на Грција откако името на аеродромот во Скопје беше наречен Александар Велики.

Проблемот со името

Голем број земји во светот меѓу кои и Турција Македонија ја признаа под нејзиното уставно име Република Македонија. Грција под изговор дека во рамките на нејзините територии се наоѓа истоимен регион Македонија, бараше оваа земја да го промени името.

Македонија од прогласувањето на независноста во 1991-та година наваму поради проблемот со името со јужниот сосед Грција не може да стане земја членка на ЕУ и НАТО.

Меѓународното признавање на Македонија беше потврдено на седницата на Генералното заседание на ОН во април 1993 година кога со мнозинство на гласови беше усвоена резолуција за признавањето, но поради приговорот на Грција, предлогот беше прифатен под референцата ФИРОМ.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев на прес конференцијата што ја одржаа на 12 јуни истакнаа дека постигнале согласност околу името  Република Северна Македонија.

Со учество на претставниците на владите на двете земји на 17 јуни беше потпишан договорот.

По целосното остварување на одредбите на договорот кој беше постигнат меѓу Македонија и Грција, се предвидува Македонија под новото име Република Северна Македонија официјално да стане 30-та земја членка на НАТО.



Слични вести