Прием од амбасадата на Турција во Скопје по повод 29 Октомври, Празникот на Републиката

На приемот присуствуваа премиерот на Република Македонија Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за надворешни работи Никола Димитров, голем број министри, пратеници, амбасадори, политичари и други еминентни гости

Прием од амбасадата на Турција во Скопје по повод 29 Октомври, Празникот на Републиката

Амбасадата на Турција во Скопје вечерва приреди прием по повод 29 Oктомври – Денот на прогласувањето на Република Турција, пред 95 години.

Гостите на приемот беа пречекани од страна на aмбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара и нејзиниот сопруг Џумхур Кара.

На приемот присуствуваа премиерот на Република Македонија Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за култура Асаф Адеми, голем број пратеници, амбасадори, дипломати, верски претставници, претставници на турските институции и организации во Македонија, претставници на невладини организации, бизнисмени и останати гости.

Откако беа интонирани химните на двете земји, амбасадорката Тулин Еркал Кара ја прочита пораката на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Амбасадорката по читањето на пораката од претседателот Ердоган одржа поздравен говор во кој истакна дека националното единство и заедништво, кои се главната сила во основањето на Републиката (Турција), и по 95 години сè уште ја зачувуваат својата живост.

Кара исто така нагласи дека и покрај сите негативни случувања околу неја, Турција одлучно чекори во насока на целта на надминување на нивото на современите цивилизации.

„Со ваквата одлучност нашата земја, како и за време на предавничкиот обид за државен удар на 15 јули, одлучно ги сруши сите препреки пред себе, со што успеа да заземе место помеѓу растечките сили во светот“, истакна Кара.

Турскиот народ има вкоренета традиција за помош која извира од својата историја и култура нагласи Кара, и додаде: „Турција секогаш ќе им помага на земјите и пријателите на кои тоа им е потребно“.

Амбасадорката на Турција Тулин Еркал Кара, го изрази своето задоволство од тоа што 95-тата годишнина од Денот на прогласувањето на Турција за Република ја прославува, како што рече: „Во пријателска и братска Македонија.“

„Корените на историските, културните и човечките врски меѓу Република Турција и Република Македонија се базираат на 600 години. Со своето постоење, нашите сонародници кои додаваат сила и богатство на Македонија, и турските државјани со потекло од Македонија кои живеат во нашата земја се најважните елементи во мостот на пријателството помеѓу нашите земји“, нагласи амбасадорката Кара.

Кара на вечерашната свеченост исто така изјави дека од срце верува дека односите помеѓу Турција и Македонија, кои се на одлично ниво и чија сила се базира на силните врски, во наредниот период ќе продолжи да расте и ќе придонесе повеќе во корист на народите на двете земји.

„Нашата држава, како и до денес, така и отсега натаму, најсилно ќе продолжува да ја поддржува пријателска и братска Македонија како стабилна и просперитетна држава во интеграцијата во евроатлантските структури“, истакна aмбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара.

Во рамките на приемот беше презентирана и изложбата насловена „Срцето на зборот“ на турскиот сликар и калиграф Ахмет Сула.

По повод 29 Октомври - Денот на прогласувањето на Република Турција, пред 95 години, беше приреден прием и во амбасадите на Турција во земјите од регионот. 

 

                                                                                                                              (АА)

 



Слични вести