Поддршка од Грчката Патријаршија во Фенер, Истанбул на независноста на Украинската Православна Црква

По тридневниот состанок во Грчката Патријаршија во Фенер во Истанбул е донесена одлука да се прифати барањето на Украинската Православна Црква за автокефалност односно одделување од Руската Православна црква во Москва

Поддршка од Грчката Патријаршија во Фенер, Истанбул на независноста на Украинската Православна Црква

По одржаниот состанок во Грчката Патријаршија во Фенер во Истанбул кој што траеше три дена е донесена одлука за поддршка на барањето на Украинската Православна Црква за независност.

Митрополитот на Франција Емануел во дадената изјава за новинарите во име на Грчката Патријаршија во Фенер во Истанбул ја повтори претходно донесената одлука по прашањето на поддршката на барањето на Украинската Православна Црква за независност, т.ј. автокефалност и истакна дека го потврдуваат ова барање.

Митрополитот Емануел напомена дека на тој начин е донесена дефинитивна одлука во врска со барањето на Украинската Православна Црква за одделување, односно независност од Руската Православна црква во Москва.



Слични вести