Остоја Станишиќ, бивш српски командант повторно прогласен за виновен и осуден на 5 години затвор

Остоја Станишиќ, поранешен командант на Зворничката бригада на Војската на Република Српска (ВРС) од страна на судот беше повторно прогласен за виновен и осуден на 5 години затвор

Остоја Станишиќ, бивш српски командант повторно прогласен за виновен и осуден на 5 години затвор

Поранешниот српски командант Остоја Станишиќ поради извршени злосторства за време на геноцидот во Сребреница во војната во Босна (1992-1995) беше повторно прогласен за виновен и осуден на 5 години затвор.  

Во повторениот судски процес поради тоа што советот за обжалување на претходно изречената пресуда од 11 години затвор од страна на Судот на Босна и Херцеговина, беше соопштена конечната пресуда во врска со поранешниот српски командант Остоја Станишиќ.

Според тоа, Остоја Станишиќ, поранешен командант на Зворничката бригада на Војската на Република Српска (ВРС) од страна на судот беше повторно прогласен за виновен и осуден на 5 години затвор.

Во истиот судски процес му се судеше и на заменикот на Станишиќ, Марко Милошевиќ, кој беше ослободен од обвиненијата поради недостиг на докази и беше пуштен на слобода.

Марко Милошевиќ беше ослободен од обвиненијата и пуштен на слобода и со донесената пресуда во првиот судски процес, минатата година.

На Остоја Станишиќ и Марко Милошевиќ им се судеше поради извршени злосторства за време на геноцидот во Сребреница во 1995 година кога беа измасакрирани повеќе од 8 илјади Бошњачки мажи. Овие двајца поранешни српски војници беа обвинувани за убиство на околу 800 сребреничани во јули 1995 година, на браната кај зворничкото село Петковци, во источниот дел на Босна и Херцеговина. 

Според обвинението, Станишиќ беше командант на Шестиот баталјон на Зворничката бригада на војската на Република Српска (ВРС), а Милошевиќ негов заменик.

Во судскиот процес кој што траеше повеќе од 5 години им беа земени изјавите на 39 сведоци и двајца вештаци.

 



Слични вести