Соопштени прелиминарните резултати од вчерашните општи избори во Босна и Херцеговина

Според досега изброени 43 насто од гласовите на бирачите во трката за избор на новите членови на претседателството на Босна и Херцеговина за бошњачки член води Шефик Џаферовиќ, за хрватски член Жељко Комшиќ, а за српски член Милорад Додик

Соопштени прелиминарните резултати од вчерашните општи избори во Босна и Херцеговина

Граѓаните на Босна и Херцеговна вчера гласаа на општите избори на кои беа избрани членовите на колективното претседатество на Босна и Херцеговина, пратениците во Претставничкиот дом на БиХ, претседателот и потпретседателите на Република Српска, пратениците во парламентот на Република Српска, пратениците во Претставнички дом на Федерацијата БиХ и пратениците на парламентите на десетте катони на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Според последни добиени информации досега се изброени  43 насто од гласовите на бирачите и во трката за избор на новите членови на претседателството на Босна и Херцеговина, за бошњачки член води Шефик Џаферовиќ, за хрватски член Жељко Комшиќ, а за српски член Милорад Додик. 

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) Бранко Петриќ на одржаната прес-конференција во главниот град Сараево ги сподели со јавноста прелиминарните, нецелосни и неофицијални резултати.

Велејќи дека излезеноста на општите избори во Босна и Херцеговина изнесува 53,3 насто од вкупно регистрираните бирачи и дека досега се изброени 43,4 насто од гласовите, Петриќ ги соопшти и прелиминарните неофицијални резултати од трката за членови на претседателството, највисокиот орган на државата, и притоа истакна дека за бошњачки член води Шефик Џаферовиќ, кандидатот на Партијата за демократска акција (СДА). 

Петриќ истакна дека Шефик Џаферовиќ од досега изброените гласови освои 37,9 насто, кандидатот на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина (СДП БиХ) Денис Бечировиќ 33,4 насто, а кандидатот на Сојузот за подобра иднина (СББ) Фахрудин Радончиќ освои 12 насто од гласовите на бирачите.

Тој рече дека на трката за хрватски член на претседателството води кандидатот на Демократскиот фронт (ДФ) Жељко Комшиќ со освоени 49,4 насто од гласовите, а неговиот најблизок противник вотр е Драган Човиќ, кандидатот на Хрватската демократска заедница на Босна и Херцеговина (ХДЗ БиХ) со освоени 38,6 насто од гласовите.

Петриќ, информира дека на трката за српски член на претседателството пак кој се избира со гласовите во Република Српска, како еден од ентитетите во земјата, во водство е кандидатот на Сојузот на независни социјал демократи (СНСД) Милорад Додик со 55,1 насто освоени гласови, а по него следува Младен Иваниќ, кандидатот на „Сојузот за победа“ со освоени 41,9 насто гласови. 

Во меѓувреме, кандидатот на Партијата за демократска акција (СДА) за бошњачки член на претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ ја прогласи својата победа на изборите.

Џаферовиќ, како кандидат на СДА која инаку е и најголемата бошњачка партија во земјата, во изјавата што ја даде во центарот на главниот град Сараево ја прогласи својата победа на изборите. 

Шефик Џаферовиќ им се заблагодари на сите граѓани кои гласаа и рече: „Според резултатите со кои што моментално располагаме новиот бошњачки член на претседателството сум јас.“

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) и актуелен претседател на претседателството на државата Бакир Изетбеговиќ извојуваната победа на изборите ја окарактеризира како „извонредна“ и рече: „СДА како и секогаш стана најсилна политичка партија.“

По прогласувањето на изборната победа од страна на Џаферовиќ во седиштето на партијата беше приредена прослава со огномет.

Од друга страна, своите победи на изборите ги прогласија и Жељко Комшиќ, кандидатот на Демократскиот фронт (ДФ) за хрватски член на претседателството и Милорад Додик, кандидатот на Сојузот на независни социјал демократи (СНСД) за српски член на претседателството.

Инаку, на трката за избор на бошњачки, хрватски и српски член за претседателството на државата Босна и Херцеговина се натпреваруваа 6 бошњачки, 5 хрватски и 4 српски кандидати.

 



Слични вести