Гордана Јанкуловска осудена на казна затвор од 6 години

Јанкуловска е осудена на казна затвор од 6 години поради неправилности при набавката на луксузниот мерцедес во износ од 600 илјади евра

Гордана Јанкуловска осудена на казна затвор од 6 години

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е осудена на казна затвор од 6 години поради неправилности при набавката на луксузниот мерцедес во износ од 600 илјади евра во периодот додека се наоѓаше на должност (од 2006 до 2015 година).

На расправата на предметот „Тенк“ која се одржа пред Кривичниот суд во Скопје, на Јанкуловска и беше изречена казна затвор од 6 години поради злоупотреба на службената должност.

На истата расправа во мај му се судеше и на поранешниот премиер Никола Груевски кој доби казна затвор од 2 години, потоа поранешниот заменик министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски кој доби 6,5 години. Груевски и Поповски имаат право на жалба до повисок суд.

Во 2015 година во Македонија тогашниот лидер на опозиционата Социјалдемократски Сојуз на Македонија (СДСМ) денес премиер Зоран Заев изјави дека се снимени телефонските разговори на над 20 илјади лица меѓу кои и некои членови на владата и истите ги сподели со јавноста.

Специјалното јавно обвинителство во јануари 2017 година врз основа на аудио снимките започна истрага.



Слични вести