Илјадници лица одржаа протест во главниот град на Грција Атина

Демонстрантите се собраа на повик на синдикатите и маршираа кон плоштадот Синтагма каде што се наоѓа и грчкиот парламент, по што по одржаниот приближно дво часовен протест се разотидоа и не дојде до инциденти

Илјадници лица одржаа протест во главниот град на Грција Атина

Илјадници лица кои бараа зголемување на платите и подобрување на условите на работа одржаа протест во главниот град на Грција Атина.

Демонстрантите се собраа на повик на синдикатите и маршираа кон плоштадот Синтагма каде што се наоѓа и грчкиот парламент.

Учесниците на протестот извикуваа слогани „Не за стегање на ременот, не за кратењата! Покачување на платите“ и бараа потпишување на колективни договори и покачување на минималната плата во земјата.

Протестот траеше приближно два часа и заврши без инциденти.

 



Слични вести