Европскиот парламент го одобри укинувањето на визите за граѓаните на Косово

Европскиот парламент (ЕП) на својата вчерашна седница во Стразбург со 420 гласа „за“ наспроти 186 „против“ и 22 воздржани ја изгласа одлуката за визна либерализација за граѓаните на Косово

Европскиот парламент го одобри укинувањето на визите за граѓаните на Косово

Европскиот парламент (ЕП) ја одобри одлуката за слободно движење на граѓаните на Косово без виза во земјите на Евроската уија (ЕУ).

Генералното собрание на Европскиот парлмент (ЕП) кое продлжува во францскиот град Стразбур на својата вчерашна седница го одобри нацртот кој што беше прифатен од страна на Комитетот за цивилни слободи во септември 2016 година и чие одобрување беше пролонгирано за изработување на недостатоците.

Со нацртот прифатен со 420 гласа „за“ наспроти 186 „против“ и 22 воздржани е отварен патот за патување на граѓаните на Косово во земјите членки на Европската унија (ЕУ) без виза до 90 дена.

Усвоената одлука во Европскиот парламент (ЕП) ќе стапи во сила откако ќе биде разгледана од страна на Европската комисија (ЕК). 

 

 



Слични вести