Амбасадата на Македонија во Анкара приреди прием по повод 8-ми септември Денот на независноста

Амбасадата на Македонија во Турција приреди прием по повод 8-ми Денот на независноста на Македонија на кој меѓу голем број еминентни гости учествуваше и потпретседателот Фуат Октај

Амбасадата на Македонија во Анкара приреди прием по повод 8-ми септември Денот на независноста

Амбасадата на Македонија во Турција приреди прием по повод 8-ми Денот на независноста на Македонија.

Приемот се одржа во еден хотел во Анкара, а меѓу големиот број значајни гости учествуваше и потпретседателот Фуат Октај кој беше пречекан од страна на амбасадорот на Македонија во Анкара Звонко Муцунски.

Во говорот што го одржа во оваа пригода потпретседателот Фуат Октај истакна дека односите помеѓу Македонија и Турција располагаат со специјално место, а како што рече поради историските, културните и блиските роднински врски помеѓу двете земји.

Нагласувајќи дека лично има целосно уверување во тоа оти односите на извонредно ниво со Македонија на регионална и меѓународна платформа ќе продолжат и во идниот период со нивно уште повеќе зголемување, Октај потсети дека Турција беше првата земја која ја призна Македонија.

Фуат Октај привлече внимание дека Турција беше првата земја која назначи свој амбасадор во Скопје и рече: „Турската заедница во Македонија и нашите граѓани по потекло од Македонија кои живеат овде во нашата земја одигруваат улога на човечки мост помеѓу нашите земји и даваат значајни придонеси во политичкиот, економскиот и културниот живот на нашите земји. Веруваме дека нашата билатерална соработка која што се издигнува на една цврста основа формирана од нашите историски и културни врски и блискоста помеѓу нашите општества, ќе бидат зацврстени со новите чекори кои што ќе бидат фрлени во наредниот период.“

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека од 1992 година досега 1.069 ученици со македонско државјанство добија стипендија од Турција за студирање и дека воедно и над 1.300 ученици од Турција се на студии на универзитетите во Македонија. 

Октај напомена дека растечкиот туристички сектор помеѓу двете земји ги унапредува и културните и социјалните врски.

Освен тоа Октај потсети дека воедно со посредство на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Културниот центар Јунус Емре се дава поддршка како на заедничкото истиорискио наследство, така и на заштитата  и реставрацијата на историските дела кои го презентираат богатото културно наследство на Македонија.

Потпретседателот Фуат Октај додаде дека ТИКА не останува само и со тоа туку дава придонес во развојот на пријателска и братска Македонија со посредство на голем број проекти како што се здравството, медиумите, образованието, инфраструктурата, стекнувањето со различни струки, производството  и транспортот.

На одржаниот прием од страна на Амбасадата на Македонија во Анкара по повод 8-ми септември Денот на независноста заедно со потпретседателот Фуат Октај учествуваа и заменик-министерот за надворешни работи Фарук Кајмакчи, вториот началник на Генералштабот генерал-полковник Метин Ѓурак, како и голем број претставници на дипломатски мисии и високи функционери.

Амбасадорот на Македонија во Анкара Звонко Муцунски во своето обраќање пред присутните на приемот по повод 27-годишнината од 8-ми септември Денот на независноста и 26-годишнината од формирањето на армијата на Република Македонија истакна дека помеѓу Македонија и Турција постојат силни билатерални односи кои што се потпираат на обострано разбирање, доверба и добра волја и дека 27 години како двете земји се поддржуваат меѓусебно.

Подвлекувајќи дека Македонија и Турција ги развиваат меѓусебните билатерални односи во голем број сфери од историјата до културата и од политиката до економијата кои служат за пример, Муцунски рече: „Не треба да се обезвреднуваат добрите билатерални односи кои што се вовлечени еден во друг помеѓу Македонија и братската земја Турција.“

Амбасадорот Муцунски нагласи дека двете земји се сојузници кои влеваат меѓусебна доверба во голем број сфери и го изнесе следното: „Турција до денеска беше едната од најсилните и најотворени поддржувачи за членството на Македонија во НАТО.“ 

Привлекувајќи внимание дека Турција е значаен надворешно трговски партнер на Македонија, Муцунски рече: „Се надеваме дека ќе ја постигнеме нашата заедничка цел по прашањето на нашиот трговски обем кој до 2020 година ќе достигне до една милијарда долари.“ 

Амбасадорот на Македонија во Анкара Звонко Муцунски потсети дека турската заедница во Македонија и македонската дијаспора во Турција одигруваат мошне значајна улога во односите помеѓу двете земји и додаде дека оваа состојба претставува мост кој што обезбедува силен придонес во развојот на сореботката и односите помеѓу двете земји.

 

 



Слични вести