Ципрас предупреди на заканата на екстремните десничарски движења врз ЕУ

Оваа состојба може да предизвика распарчување на Европа

Ципрас предупреди на заканата на екстремните десничарски движења врз ЕУ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас предупреди на заканата на екстремните десничарски движења врз ЕУ.

На седницата „Иднината на Европа“ на генералното заседание на Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур, Ципрас им се обрати на европратениците.

Ципрас во обраќањето потсети дека последен пат на седницата на Генералното заседание на ЕП се обрати во 2015 година, кога неговата земја се наоѓаше на прагот на голема економска криза и во многу тешка состојба, потенцирајќи дека привршува периодот на политиките на стегање на ременот.

На иднината можеме да гледаме поповолно. Грција одреден период беше проблем за ЕУ, додека денес се стекна со улога на земја извор на решенија.

Во периодот од 2010 до 2014 година Грција изгуби една третина од националните богатства, рече Ципрас нагласувајќи дека покрај тоа што постоеше малку надеж, само за три години се вративме како нова земја. Тоа е успех на цела Европа. Тоа претставува резултат на меѓусебната солидарност и соработка. Покажавме дека можеме да излеземе од кризата без да го нарушиме старото руво. Пред ти години никој не веруваше во тоа. Удривме белег со остварување радикални реформи. Повторо се стекнавме со економскиот суверенитет и местото на  европската сцена. Остваривме вработување за 400 илјади лица. Исто така се подготвуваме да го спречиме одливот на мозоци.

Грција беше принудена на три посебни пакети за спасување, рече Ципрас потенцирајќи дека одговорноста за тоа освен на Владата на Грција припаѓа и на раководството на ЕУ.

Одлуките во ЕУ ги усвојуваат технократи кои немаат никаква одговорност пред народот рече Ципрас алудирајќи на заканата од неолибералните политики кои и се закануваат на Европа. Изборите за Европскиот парламент се многу повеќе од обични избори рече Ципрас нагласувајќи дека истите треба да се третираат како животна пресвртна точка во определувањето на судбината на Европа.

За жал се соочуваме со период на раст на екстремната десница. Оваа состојба може да предизвика распарчување на Европа.

Постојано растат ксенофобијата и неолиберализмот во Европа, рече Ципрас потенцирајќи дека Грција ги отвори своите порти за бегалците. Гледано од аспект на стапката на населението, Грција е земја која прими најмногу бегалци во Европа. Додека некои земји во ЕУ почнаа да градат ѕидови, Грцја се бореше со овие говори на омраза.

Ципрас констатираше дека Грција е земја главен актер за одржување на мирот во Средоземното море и дека со остварување на одговорноста во врска со бегалската криза, вложува напори истата да ја надмине.



Слични вести