Претседателот на Уставниот суд Зухту Арслан престојува во посета на Македонија

Претседателот на Уставниот суд Зухту Арслан имаше свое обраќање на конференцијата на Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје на тема „Уставнато судство во Турција вчера, денес и утре“

Претседателот на Уставниот суд Зухту Арслан престојува во посета на Македонија

Претседателот на Уставниот суд Зухту Арслан во рамките на посетата на Македонија, учествуваше на конференција во организација на Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје.

Арслан во изјавата што ја даде пред своето обраќање на конференцијата на тема „Уставнато судство во Турција вчера, денес и утре“ истакна дека престојува во посета на Скопје на покана на Уставниот суд на Македонија и дека во рамките на оваа своја посета остварува мошне продуктивни состаноци.

Осврнувајќи се на односите помеѓу Уставните судови на двете земји, Зухту Арслан рече: „Помеѓу нас и Уставниот суд на Македонија имаме многу длабоко вкоренета соработка. Имаме договори за билатерална соработка. Долго време како продолжуваат нашите меѓусебни разговори. Станува збор за споделување на искуства и знаења. Затоа веруваме дека ова посета уште повеќе ќе ја развие оваа длабоко вкоренета врска“.

Амбасадорката на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара истакна дека ја доживува честа што претседателот на Уставниот суд Зухту Арслан својата прва конференција ќе ја одржи на  Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ).

Салих Мурат, член на Уставниот суд на Македонија го изрази задоволството што се домаќини на членовите на Уставниот суд на пријателска и братска држава Турција.

Осврнувајќи се на соработката на високо ниво помеѓу инситуциите на двете земји, Мурат рече: „Како Уставен суд на Македонија се стекнуваме со големи придобивки од моменталното огромно искуство на Турција“.

Во рамките на конференцијата свои поздравни обраќања имаа и претседателот на Управниот одбор на Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ) Ајдоган Адемоски и ректорот на универзитетот проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу. додека претседателот на Уставниот суд Зухту Арслан своето обраќање на конференцијата го одржа на англиски јазик.

Арслан покрај информациите за Уставниот суд на Турција зборуваше и за неуспешниот обидот за државен удар изведен на 15 јули 2016 година од страна на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО при што истакна дека турскиот народ му се спротивстави на овој терористички напад.

Потсетувајќи дека Уставниот суд за првпат во својата историја дава изјава за јавноста, Арслан напомена дека институција отворено се изјасни дека е заедно со турскиот народ и рече дека е против секој вид на антидемократска иницијатива.

Претседателот на Уставниот суд Зухту Арслан во рамките на посетата на Македонија имаше одделни средби со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на Уставниот суд на Македонија Никола Ивановски.



Слични вести