Грчкиот министер за одбрана Каменос: Договорот за името со Македонија може да ја сруши владата

Грчкиот министер за одбрана и претседател на малиот владин партнер, Партијата Независни Грци (АНЕЛ) Панос Каменос истакна дека договорот за спорот за името со Македонија може да ја сруши владата

Грчкиот министер за одбрана Каменос: Договорот за името со Македонија може да ја сруши владата

Грчкиот министер за одбрана и претседател на малиот владин партнер, Партијата Независни Грци (АНЕЛ) Панос Каменос во говорот што го одржа на 83-тиот Меѓународен саем во Солун истакна дека постигнатиот договор за спорот со името помеѓу неговата земја и Македонија е во целосна спротивност со неговата партија.

„Доколку договорот дојде до точката да се постави пред грчкиот Парламент, ние немаме никаква надлежност од народот за да останеме во владата.“ - рече Каменос.

Нагласувајќи дека ќе направи се што е во негова можност за спречување на недоразбирањето кое што би можело да се појави во владата, Панос Каменос рече: „Имам три предлози до премиерот. Првиот е грчкиот народ да гласа на реферндум за договорот. Вториот, разговорите да се водат на крајот на четиригодишниот мандат на владата. А третиот, да се оди на избори.“

Каменос тврдеше дека владата во Скопје го прекршува договорот и застана во одбрана на тоа дека без оглед на тоа каква одлука ќе произлезе од референдумот што ќе се одржи во Македонија одлуката треба да се донесе од страна на грчкиот народ.

Инаку, потпишаниот договор за спорот за името помеѓу Грција и Македонија по референдумот во Македонија што ќе се одржи на 30 септември се очекува да се постави на гласање во грчкиот Парламент.

 



Слични вести