ММФ не треба да се врати во Грција

Алексис Ципрас рече дека новите мерки нема да ги нарушат ветувањата што им ги дадовме на доверителите во врска со финансиската дисциплина.

ММФ не треба да се врати во Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека земјата ќе продолжи по зацртаниот пат, без да се оддалечиме од финансиската дисциплина и без да се откажеме од реформите за кои дадовме гаранции.

Ципрас рече: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не треба да се врати во Грција. Грција не треба да стане Аргентина.

Во рамките на 83-от Меѓународен саем во Солун, Ципрас три часа одговараше на прашањата на новинарите на традиционалната прес конференција.

Во врска со економскиот пакет којшто ги содржи даночните олеснувања и социјалните реформи а кој го објави претходниот ден Ципрас рече дека новите мерки нема да ги нарушат ветувањата што им ги дадовме на доверителите во врска со финансиската дисциплина.

Грчкиот народ 8 години како поминува низ период на стегање на ременот, потсети Ципрас потенцирајќи дека тоа не е одвраќање од гаранциите што ги дадовме. Ние ги презедовме мерките кои што се потребни за развојот на земјата. Тоа беа рационални мерки кои што апсолутно требаше да се преземат за да се намали товарот на средната и чувствителните класи со цел да се остане во Европа.

Ципрас за 2019 година вети дека ќе ги поминат предвидувањата од аспект на безкаматниот буџетски суфицит, потенцирајќи дека ММФ не треба не треба да се врати во Грција. Грција не треба да стане Аргентина.



Слични вести