Грција треба да се откаже од ставот на непризнавање на избраните муфтии во Западна Тракија

Во рамките на новите регулативи очекуваме да ги земе во предвид очекувањата на малцинството

Грција треба да се откаже од ставот на непризнавање на избраните муфтии во Западна Тракија

Турција од Грција побара да се откаже од ставот на непризнавање на избраните муфтии на турското малцинство во Западна Тракија.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во врска со уредбата на Управата за образование и верски прашања на Грција даде изјава за печатот.

Портпаролот Аксој во изјавата рече:

Грција најпрвин треба да се откаже од ставот на непризнавање на избраните муфтии на турското малцинство во Западна Тракија а исто така во рамките на новите регулативи очекуваме да ги земе во предвид очекувањата на малцинството.

Нашите сонародници во Западна Тракија чувствуваат загриженост од содржината на уредбата со кое може да дојде до евентуално укинување на автономноста на муфтиството кое е гарантирано со меѓународни договори. Сонародниците очекуваат повторно разгледување на регулативите во врска со муфтиството кое е во служба на верските потреби на турското малцинството во Западна Тракија.

Загриженоста на турското малцинство исто така се споделува и од страна на Турција, рече Аксој потенцирајќи дека затоа Грција најпрвин треба да се откаже од овој свој став на непризнавање на избраните муфтии на турското малцинство во Западна Тракија. Исто така очекуваме Грција да ги земе во предвид очекувањата на турското малцинство.



Слични вести