Судири помеѓу демонстрантите и полицијата во Солун на протестот против договорот со Македонија

Приближно 15 илјади демонстранти кои на отворањето на 83-тиот Меѓународен саем во Солун (ТИФ) се собраа пред Белата кула симболот на градот и оттука тргнаа кон просторот каде што се одржува саемот

Судири помеѓу демонстрантите и полицијата во Солун на протестот против договорот со Македонија

Во Солун Грција дојде до судир помеѓу демонстрантите кои протестираа против постигнатиот договор за спорот со името со Македонија и грчката полиција.

Демонстрантите кои на отворањето на 83-тиот Меѓународен саем во Солун (ТИФ) се собраа пред Белата кула симболот на градот и оттука тргнаа кон просторот каде што се одржува саемот.

Приближно 15 илјади лица кои во своите раце носеа грчки знамиња извикуваа слогани „Македонија е грчка“. 

Некои од демонстрантите меѓу кои и радикални десничарски групи и верски личности ја нападнаа полицијата со камења и петарди по што грчките полициски сили интервенираа со солзавци и звучни бомби.

Некои од демонстрантите кои беа подложени на интензивниот дим се онесвестија.

Од друга страна, и левичарските групи во близина на местото каде што десничарскте групи се судрија со полицијата одржаа протести против ригорозните мерки за стегање на ременот и економските мерки на владата. 

На протестите на левичарските групи беа извикувани слогани пртив САД, земјата почесен гостин на 83-тиот Меѓународен саем во Солун (ТИФ).

На протесите на кои учествуваа различни левичарски групи не дојде до инциденти.

Грчката полиција ангажира 4 илјади полициси сили со што речиси прогласи вонредна состојба во Солун.

Центарот на градот Солун беше целосно затворен за сообраќај, а за да не дојде до судир помеѓу спротивставените демонстранти голем број патишта беа блокирани со полициски автобуси. Полициски хеликоптери исто така преку целиот ден го надлетуваа градот. 

Судирите помеѓу демонстрантите кои протестираа против постигнатиот договор за спорот со името со Македонија и полицијата кои што започнаа во моментот кога грчкиот премиер Аексис Ципрас говореше на свеченото отворање на 83-тиот Меѓународен саем во Солун (ТИФ) продолжија повеќе од три часа.

Инаку, историскиот договор за решавање на „проблемот со името“ кој што продолжува долги години помеѓу Грција и Македонија и кој предвидува името на државата да се промени во „Северна Република Македонија“  беше потпишан на 17 јуни.

Потоа по ратификувањето на договорот во Собранието на Македонија беше одлучено македонските граѓани да излезат на референдум на 30 септември .

САД и Европската унија (ЕУ) особено од аспект на кршење на влијанието и присуството на Русија во регионот даваат голема поддшрка на имплементацијата на потпишаниот договор за спорот со името помеѓу Грција и Македонија.

Инаку, голем број држави а пред се Турција ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име „Република Македонија“, меѓутоа Грција под изговор дека во нејзините граѓаници постои област по име „Македонија“ бараше нејзиниот северен сосед да го смени името.  

Поради спорот со името кој што продолжува со нејзиниот јужен сосед Грција уште од 1991 година кога ја прогласи својата независност Македонија не може да стане членка на Европската унија (ЕУ) и на Организацијата на северноатлантски договор НАТО.

Република Македонија во април 1993 година беше примена во членство во ОН, меѓутоа поради приговорот на Грција во членство беше примена под референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“, односно англиската кратенка ФИРОМ.

Еден дел од грчкиот народ пак се противи на потпишаниот договор за спорот со името и застанувајќи во одбрана на тоа дека проблемот не е само името туку и во врска со историјата и културата ги бвинува власите во Скопје за крадење на „македоскиот идентитет“.



Слични вести