Српскиот претседател Александар Вучиќ во посета на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече: „Веќе дојде времето кога треба да разговараме едни со други со поголемо почитување. Времето ќе покаже дали ќе успееме или нема да успееме да изградиме пријателство помеѓу двете земји.“

Српскиот претседател Александар Вучиќ во посета на Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ својата посета на Косово која што во последните денови беше причина за затегнатост ја започна од Газивода каде што од страна властите на Косово претходно не му беше дозволено да допатува.

Вучиќ вчера на браната Газивода кај Зубин Поток на северот на Косово изјави за новинарите дека Газивода на најдбар начин ги презентира тешките политички проблеми со кои што се соочуваат Србите и Албанците и рече: „Се надевам дека во иднина ќе се искористи на начин на кој што ќе бидат задоволени и двете страни.“

Потсетувајќи дека Србија за работите за поправање на браната инвестира приближно 1 милион евра, Вучиќ објасни дека продолжува да се инвестира.

Српскиот лидер напомена дека со посетата на Зубин Поток покажа оти е на страната на мирот  и стабилноста, дека сака да воспостави добри односи помеѓу Србите и Албанците и дека планираат да инвестираат во 10 оштини во Косово каде што живее претежно српско население.  

Застанувајќи во одбрана на тоа дека го испробале секој пат за постигнување договор со Албанците но дека биле неуспешни во тоа, Александар Вучиќ рече: „Веќе дојде времето кога треба да разговараме едни со други со поголемо почитување. Времето ќе покаже дали ќе успееме или нема да успееме да изградиме пријателство помеѓу двете земји.“

Српскиот претседател Александар Вучиќ направи проценка на изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел  која допатува во официјална посета на Скопје, Македонија, а во однос на тоа дека е против промената на границите на Балканот, во врска со што рече: „Тоа не е нова состојба. Моите опоненти во Србија се израдувале на оваа состојба.“

Велејќи дека има почит кон Меркел, Вучиќ истакна дека самиот е немоќен пред Меркел и рече: „Ако таа рекла такво нешто ние немаме сила да го промениме тоа.“

Осврнувајќи се и на вестите во косовските медиуми околу тоа дека со тоа што го откажал состанокот за кој што беше испланрано да го одржи со претседателот на Косово Хашим Тачи во Брисел, а во рамките на процесот на дијалог помеѓу Белград и Приштина што продолжува со посредување на Европската унија (ЕУ), го омаловажил својот колега, српскиот претседател Александар Вучиќ рече: „Никој никого не омаловажи.“ 

Вучиќ воедно истакна дека односите помеѓу двете земји се различни од оние во 1999 година и дека ќе биде тешко да се постигне компромис, во врска со што рече: „Тачи не е мој другар, мој пријател или сакан соговорник. Мислам дека тоа е така и за него. Наша задача е да разговараме, да се дговориме и да изнајдеме решение за проблемите.“ 

Велејќи дека по членството во Европската унија (ЕУ) нема да имаат значење границите, српскиот претседател Александар Вучиќ рече: „Треба да се воспостават мирот и стабилноста, да се изнајде решение. Ако тоа не го направиме ние, ќе го направат генерациите по нас.“



Слични вести