Целосна поддршка од Европскиот парламент на процесот на дијалог меѓу Косово и Србија

Во соопштението од Европскиот парламент (ЕУ) се нагласува дека постигнувањето на договор за сеопфатно нормализирање помеѓу страните е од „крајно значење“ за целиот Западен Балкан, а не само за Косово и Србија

Целосна поддршка од Европскиот парламент на процесот на дијалог меѓу Косово и Србија

Членовите на Европскиот парламент (ЕП) укажаа на значењето на дијалогот кој што продолжува помеѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Косово Хашим Тачи за нормализирање на односите и истакнаа дека даваат целосна поддршка на овој процес.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Дејвид МекАлистер и известувачот на Европскиот парламент за Косово Игор Шолтес по остварената средба со Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини во врска со процесот на дијалогот помеѓу Косово и Србија кој што продолжува под посредување на ЕУ, објавија писмено соопштение по прашањето. 

Во соопштението се нагласува дека постигнувањето на договор за сеопфатно нормализирање помеѓу страните е од „крајно значење“ за целиот Западен Балкан, а не само за Косово и Србија.

Во соопштението се укажува на тоа дека процесот на дијалог би можел повремено да се одвива тешко меѓутоа се вели дека постигнувањето на евентуален позитивен резултат и ќе го отвори патот за членство во Европската унија (ЕУ) и ќе ја овозможи изградбата на добрососедските односи.

Во истото соопштение се напоменува дека договорот што ќе се постигне со одобрување и на двете страни ќе претставува „историски чекор“, а воедно се додава дека Европскиот парламент (ЕП) ќе продолжи да дава целосна поддршка за постигнување на успешен резултат.

Претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи во рамките на процесот на дијалог кој што продолжува под посредување на Европската унија (ЕУ) на 7 декември се очекува да се состанат повторно во белгискиот главен град Брисел.

Домаќинка на средбата ќе биде Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

 

 



Слични вести