Променети три судии на постапката против Младиќ

Одлуката за промена на судиите ќе влијае врз одложувањето на жалбената постапка на Младиќ.

Променети три судии на постапката против Младиќ

Механизмот за Меѓународниот кривичен суд (МИЦТ) со седиште во Хаг усвои одлука за менување на тројца од петте судии поротници кои учествуваат во разгледувањето на жалбата на Ратко Младиќ познат како „Касапот од Босна“.

Во соопштението кое беше објавено од страна на МИЦТ беше истакнато дека тројца од петте судии поротници кои учествуваат во разгледувањето на жалбата на Ратко Младиќ кој беше осуден на казна доживотен затвор на 22 ноември 2017 од страна на поранешниот Меѓународен кривичен суд за поранешна Југославија (ИЦТЈ) поради „геноцид“, „злосторство против човештвото“ и „прекршување на законите и обичаите на војување“, беа променети поради сомнение дека би можеле да бидат пристрасни во донесувањето на пресудата.

Жан Клод Антонети, еден од јавните обвинители на МИЦТ потсети дека тројца од наведените судии учествуваа во претходните постапки против Младиќ, но поради ризикот од тоа што може да не бидат непристрасни во процесот на жалбената постапка, беа извадени од процесот.

Во соопштението беше наведено дека одлуката за промена на судиите ќе влијае врз одложувањето на жалбената постапка на Младиќ.

Ќе се потсетите дека на Младиќ на 22 март 2018 година поднесе жалбена постапка против одлуката од 2017.



Слични вести