На соработката и дијалогот сметаме како на основа за унапредување на односите

Грчкиот министер Коѕијас рече дека за време на обидот за воена удар, Грција ја поддржа Турција

На соработката и дијалогот сметаме како на основа за унапредување на односите

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека и покрај повремено бурните денови во односите меѓу Турција и Грција, на дијалогот сметаме како на средство за постигнување решение.

Министерот Чавушоглу и грчкиот колега Никос Коѕијас учествуваа на свеченото отворање на обновената зграда на грчкиот генерален конзулат во Измир.

Двајцата министри одржаа заедничка прес конференција.

Министерот Чавушоглу во оваа прилика рече дека Турција и Грција се две клучни земји од географски и историски аспект.

Во двете земји има безброј културни пораки. Само во нашите јазици има 5 илјади заеднички зборови. Сите овие карактеристики ги зближуваат нашите народи. Постојат денови кога не можеме да се разбереме, а повремено поминуваме и низ многу бурни денови. На соработката и дијалогот сметаме како на средство за постигнување решение. Не е тајна дека постојат разлики во нашите погледи и ставови, рече Чавушоглу.

Алудирајќи на заштитата што им ја пружи Грција на приврзаниците на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО кои по обидот за државен удар на 15 јули 2016 година побегнаа и се засолнаа во оваа земја, Чавушоглу рече:

Пучистите и кукавиците чија цел би била Грција не би можеле да се засолнат во Турција. Тоа нема да го дозволиме.

Грчкиот министер Коѕијас рече дека за време на обидот за воена удар, Грција ја поддржа Турција.



Слични вести