Тројца бугарски министри поденсоа оставка

Свесни сме за тоа дека оставките нема да донесат решение на проблемот

Тројца бугарски министри поденсоа оставка

Тројца бугарски министри поднесоа оставка по сообраќајната несреќа во градот Своге.

Според соопштението кое беше објавено од страна на прес центарот на Владата на Бугарија, премиерот Бојко Борисов ги прифати оставките на министерот за транспорт Ивајло Московски, министерот за регионален развој Николај Нанков и министерот за внатрешни работи Валентин Радев.

Министерот за внатрешни работи Радев и министерот за регионален развој Нанков на заедничката прес конференција во зградата на прес центарот на Владата истакнаа дека целта на поднесувањето на оставките е да дадат придонес во истрагата што започна по сообраќајната несреќа.

Свесни сме за тоа дека оставките нема да донесат решение на проблемот, но со овој чин сакаме да покажеме политичка одговорност, истакнаа министрите потенцирајќи дека премиерот Борисов веднаш по несреќата побарал да преземат одговорност.

Министерот за транспорт Московски поради здравствени причини не можеше да учествува на прес конференцијата.

Оставките на министрите ќе бидат одобрени по гласањето во собранието.

Во несреќата што се случи на 24 август со превртување на автобусот кој ги пренесуваше луѓето на градот Своге во црква, загинаа 17, 20 лица беа повредени.



Слични вести