Балканска агенда 33-2018

Постепено се намалува населението на Балканските земји

Балканска агенда 33-2018

Според податоците на ОН, во 2050 година ќе дојде до нагло зголемување на светската популација. Порастот на населението претежно ќе се оствари во големите градови, додека светската рурална популација ќе остане на константно ниво. Состојбата во 10 Балкански земји изгледа поинаку. Според претпоставките, Балканот во 2050-те години ќе биде изложен на сериозни загуби на населението. Урбаната популација ќе остане прилично иста, додека руралната популација се очекува да се намали во значајна мера.

Податоците на ОН покажуваат дека светската урбана популација во 1995 година изнесуваше околу 2,3 милијарди лица, додека оваа бројка во 2015 година се зголеми на 4 милијарди. Во 2050-те години оваа бројка се очекува да се зголеми на 6,7 милијарди лица. Гледано од аспект на популацијата во руралното подрачје, оваа бројка во 1990-та година изнесуваше околу 3 милијарди и според претпоствките во 2050 година се очекува да остане на исто ниво.

Вкупната популација на Балканот во 1950-та година составена од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Совенија и Грција изнесуваше околу 49 милиони лица. Во 1990-та година оваа бројка се зголеми на 69 милиони, додека во периодот по 1990-та година, оваа бројка почна да се намалува. Во 2015 година оваа бројка се намали за околу 6 милиони лица. Во 2050-те години се претпоставува дека оваа бројка ќе се намали на 53 милиони лица. Што значи дека во споредба со 1990-та година, бројот на популацијата во 2050-та година се очекува да се намали за 24 насто.

Во периодот од 1950-та до 1990-та година, урбаната популација во Балканските земји се зголеми за 2,8 пати и се зголеми на 38,3 милиони лица. Од 1990-та година наваму нема никакви промени во бројот на урбаната популација во балканските земји и до 2030 година се очекува да остане непроменлива. Додека во 2050 година оваа бројка се очекува да изнесува околу 39 милиони лица.

Тенденцијата во руралното подрачје на Балканските земји е многу попесимистичка. Имено од 1955-та година наваму, се забележува постепено намалување на руралната популација во 10 балкански земји. Додека во 1955 година во руралните подрачја на Балканот живееја 35,4 милиони лица, оваа бројка во 2015 година беше пресметано дека изнесува околу 22 милиони лица. Во 2050 година се претпоставува дека во руралното подрачје на Балканските земји ќе дојде до намалување за околу 8 милиони лица.

Гледано од аспект на земјите, можеме да кажеме дека во периодот од 1990 до 2015 година во одредени земји беше забележан значаен пад на популацијата. Во Босна и Херцеговина 21 насто, во Бугарија 19 насто, во Романија 15 насто, во Хрватска и Албанија 11 насто, во Србија 7 насто. Во истиот период во Црна Гора, Словенија, Македонија и Грција дојде до подем на популацијата од 2 до 9 насто. Во 2050 година се претпоставува дека ќе дојде до намалување на популацијата во Балканските земји. На пример во споредба со 2015 година, вкупниот број на популацијата во Бугарија во 2050 година ќе се намали за 24 насто, во Хрватска за 18 насто, во Романија за 17 насто, во Србија за 16 насто, во Босна и Херцеговина за 13 насто, во Грција за 11 насто. Во останатите балкански земји во периодот 2015 – 2050 година се очекува популацијата да се намали од 6 до 8 насто.

Гледано од аспект на урбаната популација, во периодот од 1990 до 2015 година се забележува дека опаѓа бројот на градското население во Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска, додека во останатите земји се зголемува. Романија со 14 насто намалување е земја која достигна најголем пад на урбаната популација, додека Албанија со 41 насто раст, земја која постигна најголем пораст. Во споредба со податоците од 2015 година, намалувањето на урбаната популација на Бугарија во 2050 година за 13 насто, одржувањето на константното ниво во Грција, во останатите земји се очекува пораст. Во 2050 година со пораст од 24 насто Албанија ќе биде Балканска земја со најголем пораст на популацијата. Порастот на урбаната популација во Романија, Хрватска и Србија ќе се движи во рамките на симболичните граници од 2 до – 4 насто.

Во периодот од 1990 до 2050 година, во руралната популација на скоро сите Балкански земји се очекува пад освен во Македонија. Намалувањето на руралната популација во Албанија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска се очекува да се движи од 20 до 40 насто. Во 2050 година во споредба со 2015 година се очекува намалување на руралната популација во скоро сите земји од 37 до 56 насто.

Секако дека неповолниот развој на стапката на популацијата во Балканските земји ќе предизвика социо-економски влијанија и последици, поради што не е тешко да се претпостави дека истиот ќе се одрази и врз чувствителните етнички односи. На пример, со намалувањето на населението во Бугарија, не е тешко да се заклучи дека како последица ќе дојде до пораст на предрасудите и неповолните реторики кон Турците кои живеат во оваа земја.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести