Балканска агенда 32-2018

23-та годишнина од операцијата „Бура“

Балканска агенда 32-2018

Поминаа 27 години од војната во Хрватска која беше дел од процесот на распаѓањето на поранешна Југоославија. Иако завојуваните страни денес вложуваат напори за воспоставување добрососедски односи, продолжуваат разликите во погледите кон сето она што беше доживеано во војната. Хрватите, 5 август, 23-та годишнина од воената операција „Бура“ која обезбеди повторно воспоставување контрола над територијалниот интегритет на Хрватска го одбележаа како датум кога ја поразија српската експанзија. Укинувањето на Република Српска Краина која на почетокот на 1990-те години беше прогласена како самостојна држава во рамките на териториите на Хрватска, во Србија од страна на одредени средини беше споредено дури со геноцидот во Сребреница. Според тврдењата, во рамките на операцијата „Бура“ биле убиени 2500 Срби, а над 200 илјади Срби биле екстрадирани од териториите на Хрватска.

Операцијата „Бура“ покрај тоа што траеше од 4 до 26 август 1995 година, најголемиот дел од хрватските територии кои што се контролориаа од страна на Србите беа ослободени во првите четири дена. Дел од Србите кои што беа принудени да се оддалечат од ослободените територии се засолнаа во Србија, а дел од нив во Босна и Херцеговина. Додека Србија операцијата „Бура“ ја одбележува со големо жалење и ја оценува за етничко чистење, Хрватите 5-ти август го слават за Ден на победата на ослободителната војна. Додека хрватските власти го изнесуваат ставот дека треба да се чувствува гордост од операцијата „Бура“, српските власти упатија порака дека Србија никогаш нема да ги заборави случувањата во операцијата „Бура“.

Гледано од аспект на Хрватите, операцијата „Бура“ беше нужност која што произлезе уште од самиот почеток на распаѓањето на поранешна Југославија. Што се однесува до причината, ако се земе во предвид фактот дека распаѓањето на поранешна Југославија беше неизбежно, Србите во Хрватска по наредба на Белград се дигнаа на бунт и во 1991 година на околу една третина од хрватските територии ја прогласија Република Српска Крајина. Паралелно со тоа, Хрватите кои живееја на овие територии, а кои потпаднаа под контрола на Србите, беа протерани, додека нивните имоти беа ограбени и запалени. Краинските Срби со поддршка на Белград против Хрватската управа можеа да издржат се до датумот на започнување на операцијата „Бура“.

Хрватските власти во секоја прилика го бранат ставот дека операцијата беше извршена согласно правилата на војување и меѓународните договори. Операцијата „Бура“ во Хрватска се смета за круна на борбата за слобода. Во овој контекст да кажеме дека на тројца хрватски генерали поради злосторствата кои беа извршени во операцијата „Бура“ им се судеше на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а бидејќи судот донесе одлука според која беа невини, беа пуштени на слобода.

Големо интересирање и љубопитство предизвикува прашањето: Зошто Србија и босанските Срби во рамките на операцијата „Бура“ не дотрчаа во помош на сонародниците во Хрватска. Според некои тврдења, за возврат на заштитата на постоењето на Република Српска во Босна и Херцеговина, Белград прифати да се откаже од Крајина. Некои западни земји во тој период, на паѓањето на Краина сметаа како на неопходност од аспект на потпишувањето на сеопфатен мировен договор на Балканот. Впрочем Западњаците во јули 1995 година замижија пред паѓањето на Сребреница, поради што во август 1995 година дозволија да се укине Република Српска Краина. Пред да паднат Крајина и Сребреница, ниту Загреб ниту пак Белград беа спремни да потпишат мировен договор. Само три месеци по паѓањето на Крајина и Сребреница, на 21 ноември 1995 година, меѓу тогашните претседатели на Босна и Херцеговина, Сојузна Република Југославија и Хрватска, Алија Изетбеговиќ, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман беше парафиран Дејтонскиот мировен договор. Несомнено дека голем број случувања во 1990-те години на Балканот и натаму продолжуваат да важат за голема тајна. Единствено што е познато од тој период е фактот дека поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ за време на операцијата „Бура“ водеше борба за власт против опозицијата. Впрочем со текот на времето беше сфатено дека суштинската грижа на Милошевиќ во текот на целиот политички живот беше да се одржи на власт и декаво тие рамки успешно ги користеше Србите кои живееја надвор од границите на Србија.

Секако дека не е можно да се подготви книга за заедничката историја која ќе се заснова на усогласувањето на погледите на завојуваните страни во врска со  случувањата во 1990-те години на Балканот. Затоа сите се должни да покажат поголема посветеност за да не дојде до повторување на грешките во минатото и да ги извлечат потребните поуки од доживеаните несреќи.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести