Москва му врачи протестна нота на грчкиот амбасадор Андреас Фриганас

Москва му врачи протестна нота на грчкиот амбасадор Андреас Фриганас кој беше поканет во руското министерство за надворешни работи

Москва му врачи протестна нота на грчкиот амбасадор Андреас Фриганас

Грчкиот амбасадор во Москва Андреас Фриганас беше поканет во руското министерство за надворешни работи каде што му беше врачена протестна нота во врска со мерките кои што ќе бидат преземени поради ставот на Грција кон руските дипломати.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека грчкиот амбасадор Фриганас беше поканет во министерството и дека во оваа прилика му била врачена протестна нота во врска со симетричните мерки кои што се преземени како одговор на одлуките кои што ги презедоа властите во Атина минатиот месец во врска со руските дипломатски службеници и граѓани во оваа земја.    

Инаку грчката влада минатиот месец протера двајца руски дипломати и донесена забрана за влез во земјата за двајца руски граѓани.

Официјална Москва ги отфрлува тврдењата околу тоа дека лицата за кои станува збор биле во обид да им дадат мито на грчки функционери и работеле за поништување на постигнатиот грчко-македонски договор со кој што ќе и се дозволи на Македонија да стане членка на НАТО.

Освен тоа Москва соопшти дека е откажана и посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Грција која што беше испланирана за септември.



Слични вести