Официјална покана од НАТО за Македонија

Искрено им честитаме на Атина и Скопје за историскиот договор, рече Столтенберг

Официјална покана од НАТО за Македонија

Радосна вест за Македонија на Самитот на НАТО во Брисел.

НАТО официјално ја покани Македонија да стане членка на алијансата.

Но за приемот на Македонија во НАТО, алијансата го постави условот за извршување на одредбите на минатомесечниот договор кој беше потпишан со Грција.

Додека во заклучната декларација беа упатени пофални зборови на сметка договорот за промена на името кој беше потпишан минатиот месец, одлуката во врска со поканата за Македонија ја објави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Искрено им честитаме на Атина и Скопје за историскиот договор. Во името на 29 земји членки на НАТО официјално ја каниме Македонија да биде членка на алијансата.

Македонија за членство во НАТО аплицираше во 1999 година и најблизок датум за пристапување во алијансата беше 2008. Но за жал Грција на Самитот во Букурешт стави вето поради проблемот со името.

Од тој датум наваму името на Македонија е еден од предусловите за приемот во НАТО.

Минатиот месец потпишувањето на договорот меѓу двете земји за промена на името на Република Македонија во Северна Република Македонија ја подотвори портата за членство во НАТО.

По усвојувањето и одобрувањето на договорот од страна на Собранието на Македонија, кон крајот на септември ќе биде изнесен на референдум.

По спроведувањето на уставните амандмани предвидени со договорот, Македонија со новото име ќе се стекне со правото да стане 30 земја членка на НАТО.



Слични вести