Бескрајно и благодарам на ТИКА за инвестициите во Македонија

Кардиоваскуларната болница што ТИКА ќе ја отвори во Македонија ќе биде единствена на Балканот

Бескрајно и  благодарам на ТИКА за инвестициите во Македонија

Претседателот на Македонија Ѓорѓи Иванов во врска со активностите на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Македонија рече:

„ Во свое име, во името на мојата сопруга и делегацијата, му се заблагодарувам на претседателството на ТИКА за сите инвестиции и активности спроведени во Македонија.“

Претседателот Иванов, заедно со сопругата и делегација престојуваше во посета на Турција по повод инаугурацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Во рамките на псоетата на ТИКА Иванов даде изјава за медиумите.

Претседателот Иванов во оваа прилика изрази задоволство што учествува на церемонијата по повод инагурацијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган упатувајќи честитки за успехот што го постигна претседателот Ердоган на изборите како и новата должност.

Во освртот на активностите на ТИКА во Македонија, Иванов рече: Во свое име, во името на мојата сопруга и делегацијата, му се заблагодарувам на претседателството на ТИКА за сите инвестиции и активности спроведени во Македонија. Истовремено, би сакал да ја изразам благодарноста на илјадници македонски државјани кои имаат придобивки благодарение на спроведените проекти и активности на ТИКА, особено на полето на здравството, земјоделството и придонесот во одржувањето на историското и културното наследство.“

Нагласувајќи дека кардиоваскуларната болница што ТИКА ќе ја отвори во Македонија ќе биде единствена на Балканот, Иванов посочи: „Потпишувањето на овој проект има многу големо симболичко значење, бидејќи претставува инвестиција во здравјето на идните генерации. Во моментов додека зборувам со вас, се раѓаат десетици бебиња, а благодарение на потпишаниот договор, денеска родените деца ќе имаат можност да живеат во 22. век. Благодарение на придонесот што ТИКА денеска ѝ го дава на Македонија, децата и во 22. век ќе се сеќаваат на ТИКА.



Слични вести