Во спомен гробницата во Поточари ќе бидат погребани остатоците на уште 35 жртви

Во рамките на годинашнава комеморација во спомен гробницата Поточари со учество на околу 30 илјади лица ќе се клања џеназе намаз

Во спомен гробницата во Поточари ќе бидат погребани остатоците на уште 35 жртви

Во рамките на комеморацијата што ќе е одржи по повод одбележувањето на 23-та годишнина од геноцидот во Сребреница, во спомен гробницата ќе бидат погребани посмртните остатоци на уште 35 жртви.

Завршија подготовките за погребот на посмртните остатоци на уште 35 жртви на геноцидот во Сребреница кој се одржа на 11 јули, а се смета за најголема човечка трагедија по Втората светска војна во Европа (1939-1945).

На годинашнава комеморација на 11 јули на спомен гробницата во Поточари, најмладата жртва која ќе биде погребана е 16 годишниот Весид Ибриќ, додека најстарата 71 годишниот Сахин Халиловиќ.

Меѓу жртвите кои ќе бидат погребани на годинашнава комеморација се наоѓаат и посмртните остатоци на шестмесечната бремена жена Ремзија Дудиќ која заедно со мажот додека бегаше низ шумскиот пат немилосрдно беше убиена од страна на српските воени единици.

И во рамките на годинашнава комеморација во спомен гробницата Поточари со учество на околу 30 илјади лица ќе се клања џеназе намаз.

Досега во спомен гробницата Поточари се погребани посмртните остатоци на 6 575 жртви. Сеуште не се откриени посмртните остатоци на над илјада лица и покрај тоа што поминаа 23 години од овој немил настан.

На 11 јули 1995 година, српските воени единици под команда на Ратко Младиќ го окупираа градот Сребреница. Бошњаците кои им се засолнаа на холандските војници под покровителство на ОН,им беа предадени на Србите.

Србите кои на жените и децата им дозволија да влезат во областа под контрола на Бошњачките војници, во шумското подрачје, фабриките и складиштата масакрираа најмалку 8 372 Бошњачки цивили кои потоа ги погребаа во масовни гробници.



Слични вести