Претседателот Иванов рече дека нема да го потпише договорот со Грција

Од прогласувањето на независноста во 1991 година, Македонија поради спорот со името со Грција не можеше да стане членка на НАТО и ЕУ.

Претседателот Иванов рече дека нема да го потпише договорот со Грција

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов рече дека нема да го потпише договорот потпишан со Грција.

По вчерашната консензус меѓу владите на двете земји околу спорот со името, Македонија го прифати предлогот за промена на името во Република Северна Македонија.

Македонскиот премиер Зоран Заев во вчерашната изјава за печатот рече дека решението за долгодишниот спор со името ќе го отвори патот на Македонија за влез во НАТО и ЕУ.

Од друга страна пак, грчката опозициска партија Нова Демократија од премиерот Ципрас бараше да не се избрза околу името Република Северна Македонија околу кое беше постигнат компромис.

Партијата бараше најпрвин новото име на соседната држава во парламентот да се изгласа по преговорите за пакетот реформи за спасување што ќе се одржат во четврток.

Додека голем број земји во светот на чело со Турција Македонија ја признаваа под нејзиното уставно име Република Македонија, Грција како последица на регионот под исто име што се наоѓа во нејзините граници, бараше оваа земја да го промени името.

Од прогласувањето на независноста во 1991 година, Македонија поради спорот со името со Грција не можеше да стане членка на НАТО и ЕУ.

Меѓународното признавање на Македонија беше утврдено на гласањето во април 1993 година што се одржа на седницата на Генералното заседание на ОН на која едногласно беше усвоена одлуката за меѓународно признавање, додека поради приговорот на Грција, членството на Македонија во ОН беше прифатено со привремената референца Бивша Југословенска Република Македонија (БЈРМ- FYROM).

Дел од грчкиот народ го брани ставот дека спорот не се состои само во името, туку и во историјата и културата, поради што го обвинуваше Скопје за крадење на Македонскиот идентитет. Наследството ма македонскиот крал Александар Велики во античкиот период се смета за значајно поле на конкуренција меѓу двете земји.



Слични вести