Со промената на името на Македонија ќе се отвори патот за влез во НАТО и ЕУ

Могерини и Хан објавија заедничка изјава со која им честитаа на лидерите на двете земји за постигнатото решение

Со промената на името на Македонија ќе се отвори патот за влез во НАТО и ЕУ

Името на Македонија се менува во Република Северна Македонија

Грчката влада соопшти дека постигнале компромис со Скопје околу името.

Соопштението во врска со промената на името го објави грчкиот премиер Алексис Ципрас кој рече дека постигнале компромис кој ги задоволува очекувањата на неговата земја.

Одлуката во рска со постигнатиот договор се очекува да се потпише кон крајот на неделата.

Македонскиот премиер Зоран Заев во врска со промената на името рече дека тоа е историско решение постигнато по 25 години.

По постигнатиот договор, Скопје ќе оди на уставни измени за промена на името во Република Северна Македонија кое ќе го употребува на меѓународно ниво.

По уставните измени кои ќе бидат остварени од страна на Македонија и Грција ќе фрли конкретни чекори на тоа поле и ќе оди на гласање за одобрување на постигнатиот договор во парламентот.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази задоволство од постигнатиот договор и рече дека се отвори патот на Скопје за членство во НАТО.

Високиот претставник за надворешни односи и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и членот на Европската комисија Јоханес Хан објавија заедничка изјава со која им честитаа на лидерите на двете земји за постигнатото решение.

По распаѓањето на поранешна Југославија, Скопје 27 години го употребуваше името Македонија но постојано се соочуваше со пречката на Грција на меѓународна платформа.

Македонија во меѓународните организации и установи беше примена со кратенката Бивша Југословенска Република Македонија, додека како последица на спорот околу името со Грција, не можеше да биде членка во ЕУ и НАТО.



Слични вести