Балканска агенда 24-2018

И натаму продолжува прекршувањето на правата на Турците во Западна Тракија

Балканска агенда 24-2018

Финскиот пратеник Нилс Торвалдс во говорот на седницата на Европскиот парламент на 16 мај 2018 рече дека Турците во Западна Тракија сеуште не можат да ги добијат своите права и дека не им се признава етничкиот идентитет од страна на Грција. Во продолжение Торвалдс потенцираше дека покрај одлуката на Европскиот суд за човекови права против Грција, нема никакви подобрувања од аспект на правата на Турците во Западна Тракија.

По Бугарија, Грција е втора балканска земја во која што живеат најмногу Турци. Според претпоставките, бројот на Турците коишто живеат во Западна Тракија на североисточната страна на Грција изнесува околу 150 илјади. Грчките власти на Турците во Западна Тракија подолг временски период сметаат како на потенцијална опасност и закана, наместо културно богатство. Се до почетокот на 1990-те години немаше некои значајни промени во грчката политика кон Западна Тракија. По овој датум, грчките власти почнаа да ги олеснуваат репресивните политики кон Турците во Западна Тракија. Пред се, окончувањето на имплементацијата „забранета зона“ со која со години се ограничуваше правото на слободно движење на околу 40 илјади Турци, укинувањето на 19-от член на грчкиот закон за државјанство со кој се предвидуваше намалување на бројот на Турците во Западна Тракија, намалувањето на економските репресивни политики со кои се предвидуваше осиромашување на Турците како и обезбедувањето константна квота за упис на приврзаниците на малцинствата на грчките универзитети, се само некои позначајни случувања.

Но и покрај наведените поволни случувања, Турците во Западна Тракија и натаму се соочуваат со различни тешкотии. Основните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Западна Тракија е проблемот со употребата на зборот „Турчин“ односно „турски“, изборот на муфтијата, образованието, политичките права и слободи, граѓанските права и праведно судење како и економските.

Иако официјална Атина го признава верскиот идентитет на Турците, со изнесување на ставот дека „нема турско малцинство, туку има само Грци муслимани“ го одбива етничкиот идентитет на Турците. Затоа при употребата на зборовите „Турчин“ и „турски“ се применуваат сериозни ограничувања. Грција исто така применува сериозни ограничувања и во врска со употребата на верски и правата со врска со слободата на мислата и совеста. Грчките власти не го признаваат духовниот лидер кој го избираат Турците во Западна Тракија и со донесување на некои приврзаници кои им одговараат, се обидуваат да ги држат под контрола муслиманите. Според Лозанскиот договор од 23 јули 1923 година којшто се смета за Устав на Турците во Западна Тракија, образованието на турското малцинство во Грција во значајна мера треба да има автономен статус. Во пракса пак турските ученици се лишуваат од правото на вистинско образование на мајчин јазик со спроведување различни управни, административни и бирократски пречки. Исто така и правото на политичко организирање на Турците се спречува на различни начини. Со укинувањето на 19-от член на законот за државјанство на Грција, невраќањето на државјанството на поголемиот број Турци кои го изгубија државјанството како и неправедната имплементација на некои законски одредби врз Турците, се само некои од основните проблеми на кои се жалат Турците во Западна Тракија. Покрај наведените, и натаму продолжува незаинтересираноста на грчките власти кон обнова и реконструкција на Османлиските архитектонски дела кои претставуваат дел од културата на Турците во Западна Тракија. Исто така и турските фондации во Западна Тракија се лишени од автономниот статус.

Западна Тракија се наоѓа меѓу најзаостанатите економски области на ЕУ. Според податоците објавени од страна на Националниот завод за статистика на Грција, приходот по глава на жител во „Источна Македонија и Западна Тракија“ како што се класифицирани овие области изнесува 40 насто помалку од просекот на земјата. Ако се земе во предвид податокот дека 80 насто од Турците во Западна Тракија живеат во руралното подрачје и претежно се бават со земјоделство и сточарство, тогаш не е тешко да се претпостави дека приходот по глава на жител во овие подрачја е понизок дури од просекот на регионот. Освен тоа, економската криза којашто во последните години ја погоди Грција, многу длабоко беше почувствувана и од страна на Турците кои што живеат во Западна Тракија.

Околу 50 насто од турските семејства во Западна Тракија се занимаваат со тутунарство. Намалувањето на исплатата на премиите за тутун од страна на ЕУ, како и високите даночни стапки и стапки на осигурување, предизвика многу тежок период за тутунарите.

Покрај ниската стапка на развој на Западна Тракија, Турците во Западна Тракија за жал и натаму не можат да го искористат правото на искористување на фондовите на ЕУ. Во некои извештаи се истакнува дека поголемиот дел од фондовите на ЕУ кои се однесуваат на Западна Тракија во суштина се доделуваат на Грците коишто живеат во јужните подрачја на земјата.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести