Балканска агенда 22-2012

Развојот на патиштата на Балканот во Османлискиот период

Балканска агенда 22-2012

Како и на секое место на земјинава планета така и патиштата на Балканот долг временски период се употребуваа онака како што беа понудени од страна на природата. Од друга страна пак, маршрутите на патиштата освен од страна на природата беа определувани и од страна на државите кои воспоставуваа хегемонија на териториите на кои се наоѓаа патиштата. Со потпаѓањето на Балканот под Османлиска хегемонија, регионот влезе во етапа на развој на патиштата и градовите, подобрување на животните услови, големи промени во општествениот поредок и општествениот живот. Како што истакнуваат голем број историчари, Османлиите многу повеќе инвестираа на Балканот отколку во Анадолија.

Со освојувањето на тврдината Цимпе во близината на Галиполе во 1352 година, Османлиите го фрлија првиот чекор на Балканот кој беше проследен со период на напредување кон Централна Европа од 350 години. Во градовите кои што потпаѓаа под хегемонијата на Османлиската држава се градеа водоводни мрежи, се отвораа чешми, амами, библиотеки, а исто така се градеа мостови и се разви културниот живот.

Во период кога Османлиите на Балканот го развиваат патниот систем,  во голема мера ги искористи патиштата на Средниот век. Патот кој Истанбул преку Софија го поврзуваше со Белград во Османлискиот период имаше улога на главна магистрала на Балканот. Впрочем Османлиите патот Истанбул – Белград кој го нарекуваа Среден крак, поради воени и трговски причини се обидуваа да го држат во многу подобра состојба од другите.

Денес, стариот римски пат Виа игнација кој започнуваше од албанските градови Драч или пристаништето Валона и преку Солун се простираше до Истанбул, со одредени промени од страна на ОСманлиите во минатото се користеше како „лев крак“. Десниот крак на патот од Истанбул се простираше до Крим и западното крајбрежје на Црното море. Овој пат немаше некоја оголема активност од воен аспект, но одигра значајна улога во доставувањето пченица, месо и сол за Истанбул.

Османлиите освен тоа што старите патишта од античкиот период и Средниот век ги зедоа под контрола и ги употребувааа, исто така изградија и нови патипта согасно своите потреби и ги реконструираа старите. За олеснување на транспортот Османлиите претежно на главните патишта градеа објекти за ножевање. Како пиминуваше периодот на владеење на Османлиската држава на Балкант, особено во 18 и 19 век, значењето што беше дадено на патиштата релативно се намали.

Почнувајќи од 19 век, Османлиските раководители многу повеќе почнаа да се интересираат со изградбата на железничката пруга. За постигнување мир во подалечните пределикако и заштита на државните територии, Османлиите имаа потреба од железници. Освен воените и безбедносни причини, кај Османлиите преовладуваше мислењето дека благодарение на железниците и преку пристаништата ќе се олесни отворањето на земјоделскиот сектор кон светот, особено надворешната трговија и царинските даноци кои се собираа.

Како последица на недоволните финансиски средства, поголемиот дел од османлиските жеќелзници на Балканот се изградија од страна на странскиот капитал и тоа врз основа на системот километарска гаранција, кој беше развиен со цел да се привлече и поттикне странскиот капитал. Имено државата за секој изграден километар на железницата од страна на компанијата и гарантираше најмал профит по километар.

Изградбата на првата железница на Османлиите на Балканот заврши во 860 година. Тоа е линијата која ги повзрува романскиот град Констанца и Богазќој долга 66 км. Шест години по изградбата на оваа линија беше отворена линијата од Русе за Варна во Бугарија долга 224 км. Благодарение на овие две траси, реката Дунав се поврза со Црноморските ќелезници и на тој начин во тој период беше решен проблемот на поврзување на реката Дунав од 22 1км.

Најдолгата железница која Османлиите ја изградија на Балканот е ѐисточната железница. Банкерот Мориц Вон Хирш роден на 17 април 1869 година во Минхен со Османлиските власти постгна договор за изградба железница која ќе ги поврзе Истанбул и Виена. За жал оригиналот на постигантиот договор со Хирш поради различни причини беше изложен на промени и прекини.

Еден друг значаен фактор кој одигра значајна улога во окончувањето на изградбата на Источната железница е Берллинскиот конгрес од 13 јули 1878. На овој конгрес во голема мера беаше променета дотогашната рамнотежа. Берлинскиот конгрес со преуредувањето на Балканската карта, обезбеди поголема рамнотежа на Големите сили во регионот. Исто така беше обавено дека ќе с еобезбедат финансиски средства за изградба на железничките проекти на Србија, Романија и Бугарија. Особено Србија и Бугарија, беа обврзани деловите на железниците кои недостасуваа, а со кои се предвидуваше да се поврзат Австриско-унгарската империја и Османлиската железница да ги завршат самите.

На крајот беше завршена изградбата на Источната железница и на 12 август 1888 година, првот воз од Виена тргна за Истанбул. Благодарение на линијата Истанбул – Белград на Источната железница, тогашното 10 дневно патување по копнен пат се намали на 30 саати. Патуваањето од Парис за Истанбул чие меѓѓусебно растојание изнесуваше 2897 км, се намали на 96 часови.

Османлиите на Балканот презедоа голема финансиска обврзителнотст и изградија железница долга 2512 км. По стекнувањето со независноста, она што остана од Балканските земји на Османлите беше големиот долг.

Автор е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести