Балканска агенда 22-2018

Романија меѓу Брисел и Вашингтон

Балканска агенда 22-2018

Романија продолжува да се однесува како земја која безусловно стои во услуга на САД. Додека поголем број земји членки на ЕУ се спротивставија на пренесувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, кој настан предизвика големи тензии, Романија изрази поддршка на овој потег на САД. Романија се наоѓа меѓу земјите кои се обидуваат да го спречат објавувањето заедничка декларација од страна на ЕУ со која се предвидува да се осуди потегот на САД со пренесувањето на амбасадата. Имено и покрај противењето на претседателот Клаус Иоханис, Романија е првата земја членка на ЕУ која почна гласно да размислува околу пренесувањето на својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Експертите истакнуваат дека овој потег на Романија може да предизвика многу поголеми загуби на сметка на Букурешт отколку придобивки.

Многу е значајна логистичката поддршка за САД при имплементацијата на некои проекти, особено од аспект на активните политики што ги води во различните региони на светот. Романија која во последните години се раководи од страна на пријателски влади на САД и силни поддржувачи на НАТО е земја која се обидува да се докаже како доверлив партнер на Вашингтон.

Местоположба на Романија има стратешко значење за Вашингтон и НАТО алијансата. Додека од една страна Романија ги отвора границите на НАТО кон Црното море, од друга страна пак, претставува еден вид отскочна даска кон Кавказ и Блискиот Исток. Гледано од аспект на можностите за пренесување на нафтата од Централна Азија и Каспискиот басен преку Медитеранот и Европа, постојат некои гасоводни проекти кои се предвидува да поминат преку Романија.

Во рамките на планот за промена на седиштата на некои американски воени објекти во светот, поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја вброи и Романија. Согласно договорот кој беше потпишан во декември 2005 се отвори патот за стационирање на американските војници во Романија. Во февруари 2010, Романија во рамките на проектот за одбранбени балистички ракети на Вашингтон, официјално го прифати стационирањето на американските анти-балистички ракети на своите територии.

Благодарение на овие договори кои беа потпишани како и со поддршка на НАТО, воената база Михаил Когалничеану на брегот на романското пристаниште Констанца со инвестиции од 50 милиони евра беше изложено на сеопфатна модернизација. Според податоците од 2017 година, во воената база се стационирани околу 550 американски војници. Романија е на страната на проширување на обемот на оваа база и наместо привременото присуство, изразува желба за трајно пролонгирање исто како во Полска.

Освен американските војници кои што се стационирани во наведената база, во воената база Девеселу во Романија која што во мај 2016 беше изградена операциона база и чија изградба чинеше 680 милиони евра е стациониран одбранбен ракетен систем на НАТО.

Романските власти веруваат дека блиските односи со САД ќе обезбедат одредени предности со другите земји. Приоритет на надворешната политика на Романија е даден на Црноморскиот регион поради што Букурешт од тој аспект се третира како лидер на регионот. Во тие рамки, Романија се обидува да стане клучна земја на САД од аспект на спроведувањето на Црноморските политики. Од друга страна пак, Романија не сака целата безбедност на земјата да и ја предаде на Европа и сака да се засолни под безбедносниот чадор на САД. Соработката со САД во сферата на одбраната се верува дека ќе допринесе кон модернизацијата на армијата на Романија. Заедно со тоа, во Романија владее мислењето дека со зајакнувањето на односи со САД, ќе се обезбеди поголема економска поддршка од Вашингтон.

Романија со зајакнувањето на односите со САД, планира да ја добие поддршката на Вашингтон во решавањето на проблемите со кои се соочува во надворешната политика. Очигледно е дека Романија со години нема пријателски односи со Русија. Како последица на порастот на тензиите меѓу НАТО и Русија во последните години, Романија се смета дека таа е во првите редови поради недоразбирањата. Проруските сепаратистички движења во Трансдњестер во Источна Молдавија кои се поддржуваат од страна на Москва, е само едно од прашањата кое предизвикува загриженост во Романија. Официјалниот приод на Букурешт кон Молдавија е „Еден народ, две држави“. Романија со поголемо инволвирање на Вашингтон и Брисел во Црноморскиот регион има за цел да го урамнотежи влијанието и силата на Москва во регионот. По авантурите на Русија на Крим, зајакнувањето на односите со Вашингтон, како и стационирањето на американските војници на своите територии има се поголемо значење од аспект на Романија.

Зајакнувањето на односите со САД секако дека ќе има голем придонес за Романија. Но експертите посочуваат на потребата за преземање поурамнотежени чекори во надворешната политика, бидејќи во спротивно земјата може да биде изложена на одредена штета и тешкотии. На пример, Романија со поддршката на пренесувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, освен тоа што се спротивстави на ставот на ЕУ, исто така предизвика и голема жалење и револт кај исламските земји.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести