Иванов: „Рамазан да биде поттик за меѓусебно помагање и почитување“

На сите припадници на исламската вероисповед во земјава, им посакувам мир, благосостојба, љубов и проштевање“, порача претседателот Иванов.

Иванов: „Рамазан да биде поттик за меѓусебно помагање и почитување“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија (ИВЗ), реис-ул-улема Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA)ç

„Во исламот, Рамазан е светиот месец, тоа е месец на молитва, добрина, простување, милосрдие и љубов. За време на Рамазан се слави духовното воздигнување и телесното прочистување. Деновите на постот се можност за секој верник да го отвори своето срце кон великодушноста и хуманоста, помагајќи им на сиромашните и изнемоштените, и молејќи се за простување на своите гревови“, се вели во рамазанската честитка на Иванов.

Претседателот Иванов во честитката посакува Рамазан да биде поттик за меѓусебно помагање и почитување, бидејќи, како што истакнува, само заедно, почитувајќи ги разликите, ќе успееме да изградиме посветла иднина за сите граѓани на Република Македонија.

„Во духот на празникот, ви посакувам лесни рамазански пости. На сите припадници на исламската вероисповед во земјава, им посакувам мир, благосостојба, љубов и проштевање“, порача претседателот Иванов.



Слични вести