Балканска агенда 14-2018

Повторно расте напнатоста меѓу Косово и Србија

Балканска агенда 14-2018

Марко Ѓуриќ, директорот на канцеларијата за Косово при владата на Република Србија на 26 март понеделник беше уапсен од страна на приврзаниците на специјалните единици на косовската полиција во Митровица, под изговор дека во земјата влегол илегално. Покрај тоа што Ѓуриќ за кратко време беше пуштен на слобода од страна на косовската полиција и протеран од земјата, по се изгледа дека овој настан ќе има долгорочни последици.

На 17 февруари свечено беше одбележана 10-та годишнина од прогласувањето на независноста на Косово. Најголемата придобивка и успех во изминатите 10 години беше фактот дека независноста на државата беше призната од страна на 117 земји и заврши процесот на изградбата на независната држава. Не постои сомнение дека Косово, чија независност беше призната од страна на поголем број земји во светот се стекна со меѓународен статус во светот.

Србија покрај тоа што на Косово сеуште смета како на илегална и неуспешна држава, под притисок на ЕУ е принудена да ги нормализира односите со оваа земја. ЕУ која вложува напори за оживување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со постигнување нови договори, исто така Србија и Косово ги наградува со напредување на процесот на преговорите за пристапување во унијата. Случајот со апсењето на Ѓуриќ, за жал поседува потенцијал да го вовлече во ќорсокак дијалогот меѓу Белград и Приштина кој ионака е отежнат.

Гледано од политички аспект, случајот со Ѓуриќ ќе допринесе кон стекнување со краткорочни придобивки како за Белград така и за Приштина. Српскиот претседател Александар Вучиќ и покрај тоа што беше свесен дека ќе биде приведен, сепак го испрати Ѓуриќ на Косово. Фактот дека Вучиќ се наоѓа приклештен меѓу бавниот напредок на процесот за пристапување на земјата во ЕУ и проруски ориентираните српски националисти, по се изгледа дека има потреба од повремени кризи во врска со Косово. Кога и да се доживее некоја криза, секогаш се враќаат старите реторики и чувства на Белград во врска со Косово. Особено повторно оживува тагата на српските граѓани по губењето на Косово, поради што официјален Белград оваа можност ја користи како адут за стекнување со краткорочни политички придобивки.

Краткорочната напнатост со Косово секако дека оди во прилог и на Косовската влада. Основниот предизвик со кој се соочува Косово во внатрешната политика е преземањето на контролата над северот на земјата во која област претежно живеат Срби. Согласно договорот меѓу Србија и Косово кој беше потпишан на 25 август 2015 година, се предвидува формирање Унија на српските општини на Косово. Со регулативите на тоа поле се предвидува во косовските општини во кои претежно живеат Срби да им се додели еден вид самоуправа на локално ниво. Косовската влада со овој начин на управување планира да ја преземе контролата над северот на Косово и да ја интегрира државната структура.

За жал опозицијата има различно мислење во врска со ова прашање. Според нив, формирањето на Унијата на српските општини ќе го отвори патот на формирање на паралелна српска држава во Косово. По тој повод опозицијата одржа низа протести и демонстрации кои траеја подолг временски период, па дури со интервенција со солзавец на Косовското собрание, се обиде да ја спречи работата на собранието. Косовската опозиција планира да продолжи со активностите на тоа поле се додека Владата не се откаже од предлогот за формирање Унија на српските општини и најверојатно прави пресметки власта да ја преземе по овој пат. Уште потрагично е што опозицијата со овој став против актуелната власт постепено се стекнува со се поголемата поддршка на граѓаните на Косово. Поради сите горенаведени причини, повремената напнатост со Србија предизвикува еден вид одмор и здив од аспект на внатрешната политика.

Економијата е еден друг голем предизвик во внатрешната политика на Косово. Нивото на Бруто домашен производ (БДП) по глава на жител на Косово изнесува 25 насто од просечното ниво на 28 земји членки на ЕУ. Стапката на невработеноста во периодот од 2001 до 2017 година на Косово изнесуваше 37 насто и со оваа бројка се наоѓаше меѓу земјите со највисока стапка на невработеност во Европа. По краткорочната радост предизвикана од прогласувањето на независноста, народот повторно почна да се соочува со економските тешкотии. Западните земји кои што ја поддржуваа независноста на Косово и косовските политичари, откако почнаа да го занемаруваат подобрувањето на условите на просперитетот и животниот квалитет, миграциите во Европа претставува единствено решение и спас за многу косовски семејства.

Протестите и демонстрациите кои ги организираше опозицијата на Косово покажаа дека успешно го искористија и економското незадоволство на граѓаните. Гледано од тој аспект, можеме да кажеме дека повремените тензии со Србија, претставуваат извонредна можност за промена на дневниот ред и оддалечување на народот од секојдневните проблеми и тешкотии на краткорочен период.

И во минатото беа доживеани одредени тензии кои го отежнуваа  дијалогот меѓу Белград и Приштина. Претежно овие тензии не траеја долго. Случајот со Ѓуриќ се случи во една поинаква меѓународна конјунктура. Како што е познато, односите меѓу Запад и Русија во последно време потсетуваат на оние од периодот на Студената војна. Особено во последните неколку недели меѓу Запад и Русија владее дури прогласување на непожелни личности меѓу дипломатите.   Секако дека овие случувања неповолно се одразуваат и врз Балканот. Москва која вложува напори да му се спротивстави и возврати на Запад, истовремено бара солуции за зголемување на влијанието врз Балканот. Телефонските разговори на српските власти со Москва по повод случајот со Ѓуриќ, предизвикаа краткорочната напнатост на Косово во последно време да се пренаосчи во друга насока. Впрочем самото апсење на Ѓуриќ од страна на косовската полиција беше извршено со одобрение на Западните земји. Поради тоа, во период кога Запад и Москва продолжуваат меѓусебно да се оддалечуваат, може да дојде до играње различни игри во сите земји во регионот, не само на Косово.

Автор е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести