Протести во Скопје по повод „спорот со името“ со Грција

Специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц и демонстрантите на протестот, од властите бараат да се насочат кон единствениот надлежен меѓународен орган, односно СБ на ОН

Протести во Скопје по повод „спорот со името“ со Грција

Во Скопје се одржаа протести по повод преговорите за „спорот со името“ со Грција.

На протестот што се одржа на повикот голем број невладини организации за „Итен прекин на преговорите со Грција“ на плоштадот Македонија учествуваа илјадници граѓани кои во рацете носеа плакати на кои пишуваше „Слобода“.

Претставниците на организацијата Светски македонски конгрес, една од организаторите на протестот упати повик за што поскоро окончување на преговорите меѓу Македонија и Грција околу „спорот со името“, повлекување на Законот за употреба на јазиците со кој се овозможува албанскиот да се применува како официјален јазик како и Договорот за добрососедски односи со Бугарија и пуштање на слобода на приведените и осудените по повод немилите настани на 27 април во Собранието на Република Македонија.

Специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц и демонстрантите на протестот кои бараат што поскоро да се окончаат преговорите, од властите бараат да се насочат кон единствениот надлежен меѓународен орган, односно СБ на ОН како надлежен орган во чии рамки се наоѓаат еднакви земји кои Македонија ја признаваат под нејзиното уставно име.

Голем број земји во светот меѓу кои и Турција, Македонија ја признаваат под нејзиното уставно име Република Македонија, додека Грција под изговор дека во рамките на своите граници се наоѓа една област Македонија, бара да се промени името на Република Македонија.

Како последица на спорот со името со јужниот сосед Грција, Македонија од 1991 година наваму, кога ја прогласи самостојноста не може да стане полноправна земја членка на ЕУ и НАТО Алијансата.

Меѓународното признавање на Македонија официјално е усвоено во април 1993 година на седницата на Генералното заседание на ОН, но поради приговорот што го достави јужниот сосед Грција, за жал членството на Македонија беше прифатено под услов да се употребува референцата Поранешна југословенска Република Македонија (ПЈРМ).



Слични вести