Балканска агенда 09-2018

Што се случува во Партијата за демократска акција во Босна и Херцеговина?

Балканска агенда 09-2018

Во последните години во Партијата за демократска акција (СДА) која важи за една од предводничките бошњачки партии се забележува големо распаѓање. Претходно во партијата беа забележани идеолошки и политички расцепкувања, додека овојпат партијата се тресе со корумпираност и непотизам. Како растат критиките во врска со лошите внатрешнопартиски односи, Партијата за демократска акција се соочува со се поголеми проблеми пред претстојните парламентарни избори закажни за октомври 2018.

Во минатото Партијата за демократска акција беше мета на дискусии на внатрешнопартиска борба меѓу приврзаниците на Бакир Изетбеговиќ и Сулејман Тихиќ. Во последно време се почесто се појавуваат нови ривали кои се собраа околу главното движење под лидерство на претседателот на партијата Бакир Изетбеговиќ.

Новите ривали претежно се сопартијците кои подолг период не се задоволни од внатрешно партиските односи. Меѓу нив се наоѓаат Шемсудин Мехмедовиќ, Сенад Шепиќ, Салко Соколовиќ и Садик Ахметовиќ. Шепиќ, Соколовиќ и Ахметовиќ во првата половина на 2017 година беа истерани од Партијата за демократска акција. Веднаш по овој настан во Собранието на Босна и Херцеговина најпрвин формираа независна група, а потоа во септември 2017 ја формираа партијата „Независен блок“.

Во формирањето на новата партија „Независен блок“ учествуваа и некои други поранешни членови на Pартијата за демократска акција кои беа истерани од партијата, како и некои независни градоначалници и респектни професори. Основачите на новата партија постојано ги повторуваат реториките дека ќе следат нова политика, во тие рамки ќе се држат далеку од политиките и политичкото сфаќање на досегашните угледни политичари на Босна и Херцеговина како што се Бакир Изетбеговиќ, Драган Човиќ и Милорад Додиќ. Сите оние аналитичари кои добро ја познаваат политиката на Босна и Херцеговина исто така се свесни дека политичарите како што се Сенад Шепиќ и Садик Ахметовиќ во последните 15 години се најдоа на доста високи политички позиции. Голем е бројот на оние кои го бранат ставот дека политичарите кои 15 години беа на власт и не можеа да направат нешто повеќе за земјата, што можат да направат со формирањето на новата партија и колку ќе бидат остварливи нивните ветувања.

Постои силно убедување дека претседателот на владата на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ постепено оформува една друга фракција во редовите на Партијата за демократска акција. Имено Звиздиќ на почетокот му беше лојален пријател на Бакир Изетбеговиќ. Преовладуваат реториките дека пораснале амбициите на Звиздиќ кој почнал да игра на поголемо. Во тие рамки се изнесуваат тврдењата дека министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина Аљоша Чампара како и обвинителот Дубравко Чампара биле на страната на Денис Звиздиќ.

Премиерот на кантонот Тузла Мирсад Кукиќ кој пред неколку дена беше изземен од функцијата познато е дека е близок со Денис Звиздиќ. Името на Кукиќ кој во минатото беше заменик претседател на Партијата за демократска акција и се спомнуваше во одредени кривични дела, постојано беше толериран од страна на партијата. Во последниот случај Кукиќ заедно со генералниот секретар Амир Зукиќ и потпретседателот на Партијата за демократска акција Асим Сарајлиќ се обвинуваат за илегално вработување одредени лица во државните установи и примање поткуп за тоа. Демократската партија за акција тврди дека одлуката за изземање на Мирсад Кукиќ и неговото раководство од кантонот Тузла беше усвоена во рамките на борбата против корупцијата. Бошњачките политички аналитичари иако ја поддржуваат операцијата во врска со изземањето на Кукиќ од функцијата, исто така истакнуваат дека тоа е внатрешнопартиска пресметка. Еден од факторите кои ја зајакнува оваа теза е истерувањето на премиерот на кантонот Сараево Елмедин Конаковиќ од членството во Партијата за демократска акција. Конаковиќ во последно време привлече големи реакции со тврдењата за корумпираност на партиските кадри во јавните установи. Наместо да се испитаат наведените раководители, цехот му беше пресечен на Конаковиќ.

Конкуренцијата и пресметките во Партијата за демократска акција се одрази со меѓусебни нарачки на написи во медиумите. Особено големо внимание привлекуваат написите насочени против Бакир Изетбеговиќ и неговото семејство. Сите овие случувања директно се поврзани со претстојните избори планирани за октомври 2018. Фактот дека Бакир изетбеговиќ според законот не ќе може по трет пат да се кандидира за член на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина, постепено се загрева внатрешнопартискиот натпревар за бошњачкиот член на претседателството. Денис Звиздиќ се надева дека ќе биде номиниран за кандидат за претседателството. За да не дојде до поголем потрес во внатрешнопартиската рамнотежа, Изетбеговиќ освен тоа што ја поддржуваа оваа надеж на Звиздиќ, се претпоставува дека на претседателската фотелја би сакал да види некој подобен кого последно ќе може да го контролира.

Автор на програмата е д-р Ерхан Туребдар.



Слични вести