Стартува привременото претседавање на Бугарија со ЕУ

Обидите за поделба на Балканот секогаш предизвикаа големи трагедии

Стартува привременото претседавање на Бугарија со ЕУ
(ВИДЕО) Стартува привременото претседавање на Бугарија со ЕУ
(ВИДЕО) Стартува привременото претседавање на Бугарија со ЕУ

Стартува привременото претседавање на Бугарија со ЕУ

Свечено стартува привременото претседавање на Бугарија во првата половина на 2018 со Советот на ЕУ.

Бугарскиот претседател Румен Радев во говорот на свеченоста во Националниот Народен театар Иван Вазов во Софија рече:

„Бугарија го положи испитот на минатото, стана земја пример за хармонија меѓу религиите и во својство на татковина на кирилското писмо се стекна со улога на земја мост меѓу исток и запад“.

Во продолжение на говорот претседателот Радев рече:

„Обидите за поделба на Балканот секогаш предизвикаа големи трагедии. Европа е преголема за да може самостојно да биде сопственик на целиот интегритет, а исто така и мала така да може да се подели во секој момент.

Глобалната несигурност предизвикува безбедносното прашање на Европа да се стекне со заповедна состојба. Миграциите и тероризмот се прашања околу кои ЕУ треба да воспостави активен дијалог со големите соседни земји“ рече Радев.

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани рече дека во периодот на привременото претседавање на Бугарија со ЕУ ќе пружат целосна поддршка на оваа земја.

Тајани во говорот упати пофални зборови на сметка на слоганот „Единството ја прави моќта“ што го избра Бугарија во овој период и потенцираше на следното:

„Треба да ги земеме во предвид повикот и  на граѓаните и Европа да ја претвориме во подемократски континент. Процесот на интеграција на Западен Балкан во периодот на привременото претседавање на Бугарија со ЕУ има големо значење“.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во говорот подвлече дека и покрај тоа Бугарија продолжува да ја употребува домашната валута лева, таа се наоѓа во еврозоната.

Претседателот на Советот на Европа Доналд Туск кој на учесниците на манифестацијата им се обрати на бугарски, потсети дека Бугарија е една од најстарите држави на Европа. Бугарија ќе може да ја обнови европската перспектива на целиот регион, рече Туск и потенцираше дека Балканот заслужува мир, доверба и просперитет.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во врска со шестмесечното привремено претседавање на Бугарија со ЕУ рече:

„Во претстојниот период треба да вложиме големи напори за постигнување значаен напредок за цела Европа, а не само за Бугарија/ Во овој период ќе започнат, продолжат, развијат и окончаат низа случувања. Западнобалканските народи чекаат со голема надеж“.



Слични вести