62 посто од граѓаните на Црна Гора бараат нивната земја да биде примена во Европската унија

Истражувањето го спроведе ЦЕДЕМ Центар за демократија и човекови права, а резултатите беа соопштени на конференција за печатот во главниот град Подгорица.

62 посто од граѓаните на Црна Гора бараат нивната земја да биде примена во Европската унија

Последното јавно истражување во Црна Гора покажа дека 62 посто од граѓаните на оваа балканска државичка го поддржуиваат влезот на нивната земја во Европската унија.

Истражувањето го спроведе ЦЕДЕМ Центар за демократија и човекови права, а резултатите беа соопштени на конференција за печатот во главниот град Подгорица.

На конференцијата беше подвлечено дека во последните 6 месеци е забележан пораст од 6 посто на анкетираните граѓани кои се залагаат нивната земја да биде примена во Европската унија.

21,4 насто граѓани кои биле опфатени со анкетата биле против влезот на Црна Гора во Европската унија а 16,4 посто изјавиле дека немаат мислење.

Испитаниците исто така биле запрашани за претседателските избори закажани за оваа година.

39,7 посто од нив одговориле дека би сакале за претседател да биде избран поранешниот претседател на Црна Гора Мило Џукановиќ, додека лидерот на демократите Алекса Бечиќ ја добил поддршката на 30 посто од нив.

Инаку Црна Гора која во 2006 година се отцепи од Србија две години подоцна во 2008 се обрати до Европската унија со барање за прием во постојано членство.

Црна Гора статусот кандидат го доби во 2010, а во 2012 фактички го започна процесот за преговори со Унијата.

Досега се отворени 30 поглавја од вкупно 33 колку што ги има во процесот, така да Црна Гора се смета за кандидат со најголеми и најбрзи шанси да биде примен во постојано членство во Европската унија.

 



Слични вести