Демонстрации против мерките за „стегање на ременот“ на владата во Грција

Во демонстрациите полесно беше повреден еден полицаец

Демонстрации против мерките за „стегање на ременот“ на владата во Грција

Во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили на демонстрациите против мерките за „стегање на ременот“ на владата во Грција беше повреден еден полицаец.

На повикот на Сегрчкиот милитантен фронт (ПАМЕ) околу илјада демонстранти се собраа пред зградата на Министерството за труд и социјални политики на плоштадот Клафтмонос во Атина.

Дел од демонстрантите кои извикуваа слогани против економските политики на владата и кредиторите ја окупираа заградата на министерството поради што дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Еден од полицајците кои интервенираа против демонстрантите кои ги скршија ќепенците на зградата полесно беше повреден во главата.



Слични вести