Нови хоризонти во развојот на економската соработка меѓу Турција и Македонија

Амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара потенцираше на значењето на пријателството меѓу Турција и Македонија кое датира од минатото

Нови хоризонти во развојот на економската соработка меѓу Турција и Македонија

Вчера во Скопје се одржа симпозиум на тема „Нови хоризонти во развојот на економската соработка меѓу Турција и Македонија“

На симпозиумот кој се одржа во соработка на Турската фондација за економски истражувања и Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) учествуваа министерот без ресор во Владата на Македонија задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, претставниците на турските институции и здруженија во земјата, како и голем број бизнисмени и поканети гости.

Претседателот на Фондацијата за економски истражувања, проф. д-р Ахмет Инџекара, рече дека ова е втор симпозиум кој се одржа во Скопје.

Амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара во говорот на симпозиумот потенцираше на значењето на пријателството меѓу Турција и Македонија кое датира од минатото.

Министерот Аднан Ќахил ги информираше бизнисмените коишто планираат да инвестираат во Македонија за поддршката што ќе ја пружи владата.

На симпозиумот беа споделени информациите дека Турција во 21 слободна зона има 40 милијарди долари трговски обем, во 678 центар за истражување и развој се вработени над 40илјади технички персонал и од аспект на паритетот на куповната моќ се наоѓа на 13 место во светот.

Меѓудругото на симпозиумот беа разгледани можностите за унапредување и развој на трговијата и инвестициите меѓу двете земји.



Слични вести