Балканска агенда 48-2017

Доживотна казна затвор на Ратко Младиќ

Балканска агенда 48-2017

Веста за казнување на Ратко Младиќ на доживотна казна затвор треба да ги радува сите чесни луѓе на териториите на поранешна Југославија. Имено Младиќ кој во име на Српството почнувајќи од првата половина на 1990-те години војуваше за Србија во Хрватска и Босна и Херцеговина, 16 години откако се криеше, во 2011 година беше фатен во Србија. Казнувањето на Младиќ со мало задоцнување од страна на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија на доживотна казна затвор поради наведените обвинувања геноцид, злосторство против човештвото и прекршување на воените закони, има големо значење од аспект на воспоставувањето на правдата.

Првите сериозни сигнали за војната во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година одекнаа уште на 14 октомври 1991 година на седницата на Собранието на Босна и Херцеговина. Имено лидерот на босанските Срби Радован Караџиќ во обраќањето преку говорницата на собранието се закани со следните зборови: „Босна ќе ја испратиме во пеколот, а Бошњаците ќе ги уништиме“. На 11 јули 1995 година, генералот на босанските Срби Ратко Младиќ при влегувањето во Сребреница пред телевизиските камери рече: „Дојде време да им се осветиме на Турците“. Во периодот меѓу двете изјави, случувањата во Босна се наоѓаат меѓу најтмурните и најцрни страници на човечката историја. Геноцидот во Сребреница претставува трагично финале на масакрите што започнаа врз Бошњаците во 1992 година.

Српските власти откако со години ги одбиваа обвинувањата дека Ратко Младиќ се наоѓа во Србија, во 2011 година ја објавија информацијата дека овој воен злосторник се наоѓа во нивната земја. На тој начин беше срушен митот за тоа дека Младиќ никогаш не ќе може да биде фатен и уапсен во Србија и дека никогаш нема да биде изведен пред правдата.

Балканските медиуми во изминатите години истакнуваа дека Младиќ слободно шетал по улиците на Белград, потоа објавуваа снимки на кои може да се види како игра фудбал. Одел во болница на лекување како и слични информации. Во јуни 2003 година, некои приврзаници на Вооружените сили на Србија отворено и јавно ја изнесуваа поддршката на Младиќ и признаваа дека последен пат Младиќ го виделе на 15 мај 2002 година. Веднаш потоа од евиденциите беше обелоденето дека српската армија, пензијата на Младиќ редовно му ја исплатуваше се до 2005 година. По апсењето на Младиќ на 26 мај 2011 година со фалсификувана лична карта кај еден роднина, српските власти признаа дека до крајот на 2005 година Младиќ живеел во Белград.

Во 1990-те години, различни страни имаа различни ставови во врска со војните што се доживуваа на Балканот. Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија на рочиштата, пред да бидат обелоденети фактите во врска со војните на Балканот, ги оформија „фактите“ согласно интересите на раководителите на регионалните држави и истите на своите народи им ги наметнаа како „дефинитивни факти“. Затоа многу често одлуките и пресудите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во врска со судските процеси се перцепцираат како „политички судски процеси“. Особено кај Србите преовладува мислењето дека наводно на Србите не им било праведно судено на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и дека овој суд во суштина претставува политички суд. Впрочем не е мал бројот на оние кои што казнувањето на Ратко Младиќ на доживотна казна затвор го сметаат како политичка одлука.

Ако се земе во предвид фактот дека различни страни имаат различни вистини во однос на одредени случувања, тогаш да потенцираме дека дури денес нема консензус околу тоа зошто се распадна Титова Југославија. Исто така познато е дека во периодот на распаѓање на поранешна Титова Југославија, ниту една од федералните републики на земјата не и се закануваше на Србија со напад. Напротив, никој не може да го негира фактот дека режимот на Слободан Милошевиќ се обиде да предизвика сериозна штета на територијалниот интегритет на Хрватска и Босна и Херцеговина. Реакциите во Србија по повод казнувањето на Ратко Младиќ со доживотна казна затвор покажуваат дека српскиот народ сеуште не е спремен да се соочи со некои вистини. Имено поголемиот број од Србите и натаму веруваат дека војната во Хрватска и Босна и Херцеговина се водеше за слободата на Србите во овие земји и дека наводно претставува еден вид народноослободителна војна. Затоа, Ратко Младиќ и некои други слични личности кои не се стремеа да ги убијат дури невините деца и жени, од страна на Србите се сметаат за „народни херои“.

Злосторствата на Балканот не беа извршени како независни акции на поединци. Напротив, во суштината на извршените кривични дела и злосторства лежи една идеологија и различните вооружени групи и сили кои беа во услуга на истата. Во примерот со Србите, идеологијата која ги поттикнуваше луѓето да ги извршат наведените масакри и геноцид се викаше „Голема Србија“. Оваа идеологија во чија чест се бореше Младиќ беше развиена во Белград.

Поради наведените причини, окончувањето на процесот на судењето на Младиќ има големо значење од аспект на соочувањето со грешките кои беа извршени од страна на некои Срби. Особено големо значење во целиот овој процес има соочувањето на младите Срби и српски поколенија со вистинското лице на војните во првата половина на 1990-те години. Младите српски поколенија не треба да стасуваат со лагите дека „Бошњаците самите се самоубивале“ и „Бошњаците самите се собирале во концентрациони логори“. Српскиот народ треба да има право да ја види вистината.

И сите оние кутри луѓе кои што на воените злосторници Радован Караџиќ и Ратко Младиќ кои по убиството на жртвите, само неколку дена повторно се вратија на местото на погребувањето и со градежни машини и булдожери ги извадија посмртните остатоци и ги пренесоа на други места, имаат потреба да ги видат вистините. Исто така и Европа која продолжува да спие, или пак е успиена и распадната поради различните интереси има потреба за увидување на злото „фашизам“ кое и натаму продолжува да го зазема своето место во Европа.

Судењето на Младиќ во одредена смисла одигра големо значење во воспоставувањето на правдата. Правдата има големо значење и од аспект на спречувањето на евентуалното повторување на геноцидите и масакрите како и злосторствата против човештвото во иднина, а не само од аспект на жртвите.



Слични вести